Ковачевски не разговарал со Грција за пролонгирање на рокот за пасошите – „Обврската ја презеде Пендаровски“, вели тој
Премиерот Димитар Ковачевски не разговарал со Грција за можноста да се пролонгира рокот за новите патните исправи, откако граѓаните се изложени на минусни температури со часови да чекаат за да можат да извадат нов пасош, а уште толку и за да го подигнат. Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања се огради за можноста лично да комуницира со Грција, велејќи дека таа …
Continue Reading
Не можам да бидам портпарол на семејства на министри, рече Ковачевски за вработувањата на роднини во М-НАВ
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не може да биде портпарол на семејства на министри, ниту пак претендирал да биде, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира тоа што половина Влада има вработени блиски луѓе во М-НАВ. Премиерот одговори дека министрите кои имале вработено некои роднини веќе си даваат свои ставови, а неговото мислење во однос на оваа тема секогаш било принципиелно. …
Continue Reading
Стоилковски: Дали Ковачевски кога вели дека има до трето колено вработувања во М-НАВ мисли на Љупчо Николовски
СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам, кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ, изјави портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција. „Почитувани, кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам “има до трето колено вработувања од исто …
Continue Reading
Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта набавило машина за бележење и вилушкар за 250.000 евра, изјави на прес-конференција пратеникот Тони Јаревски. Тој тврди дека машините за бележење на улици и патишта кои и самите од СДС потенцираат дека можат да се купат за 2 до 3 илјади евра, ова јавно претпријатие ги платило 100 пати …
Continue Reading
Тренчевска: Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на средбата со директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу фондацијата и министерството за труд и социјална политика со која е предвидена соработка во делот на обезбедување на компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, помош при вработување и реализација на менторска програма за деца …
Continue Reading
Пендаровски-Џејмс O’Брајан: Вашингтон се надева дека Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент. На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот. На средбата …
Continue Reading
Со СДС Македонија станува се повеќе увозно зависна за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Со СДС Македонија станува се повеќе увозно зависна за струја, енергетската иднина е несигурна, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „180 ден од 2023, Извештајот на државните ревизори констатира дека Македонија на долг рок не може да обезбеди сигурно снабдување со струја. Со СДС Македонија се повеќе увезува струја, но и јаглен кој во голема мера се обезбедувал од домашни извори“, додаваат од …
Continue Reading
Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека е домазет во неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека е домазет во неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Скандалот со М-НАВ и упадот на групата на Беким Незири во објектот за контрола, во време кога над Македонија прелетувале десетици авиони, за Ковачевски е обична „семејна расправија“. За оваа Влада на ДУИ и СДС физичка пресметка во контролна кула е вообичаено кошкање, а во секоја …
Continue Reading
СДСМ: ОЈО да отвори предмет за злоупотребата на парите од општините под капата на ДПМНЕ
Надлежното Јавно обвинителство да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти. Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација. Иста машина …
Continue Reading