ВМРО-ДПМНЕ: Од Мала Речица му суфлирале на Ковачевски да не бранува за М-НАВ и ако треба да пушти курбан од своите ако сака коалиција

Лицемерието на Европскиот фронт и зелената агенда на оваа власт се гледаат најдобро во М-НАВ. Функционерите на СДС и ДУИ за дебели плати од по неколку илјади евра вработиле роднини, сестри, снаи, синови, чичковци, братучеди, внуци во македонската навигација. Ова е лицето на коалицијата на бандитизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Ковачевски вели дека не бил портпарол на неговите министри, …

Continue Reading

„Јас сум најнапаѓана личност во Македонија“: Арсовска стана претседателка на Нова алтернатива

Јас сум најнапаѓана личност во Македонија. Сите напади врз мене и моите соработници се инспирирани од многу страв. Ако сме толку небитни, зошто тогаш нè напаѓаат? рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, на конвеција на партијата Нова алтернатива вечерва во хотелот „Континентал“ во Скопје, на која таа беше промовирана како нејзина нова претседателка. „Ние имаме луѓе на кои што граѓаните можат …

Continue Reading

Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ, „Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може …

Continue Reading

Грковска – Гир: Политиките за добро владеење се клучни за пристапувањето во ЕУ и за развој на општеството

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, на која се разговараше за активностите кои ги спроведува Кабинетот кој таа го предводи и за низа актуелни прашања поврзани со реформските процеси, кои се клучни за пристапување кон ЕУ и се основа …

Continue Reading

Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема: Пецаков ѝ одговори на Кузеска

По обвинувањата дека градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, финансирал ракометен клуб во кој бил основач, се огласи Пецаков со демант кој ги отфрла тврдењата на СДСМ и Левица и ги нарекува лажни. „Јас сум го основал клубот во 2011 година и сум бил капитен на клубот се до 2016 година. Во 2013 со основачки влог од 25 000 € …

Continue Reading

Тренчевска: Насилството не е приватна работа затоа се стремиме сервисите да бидат присутни во сите населени места

Потпишан нов меморандум за тесна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје. Меморандумот беше потпишан од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и извршната директорка на здружението Салија Беќир Халим. Со потпишувањето ќе се овозможи унапредување на положбата на жените жртви на семејно …

Continue Reading

Државната секретарка во МВР на средба со Претставникот на УНХЦР во земјава, Габриел Гуалано Де Годој

Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Магдалена Несторовска оствари протоколарна средба со новоназначениот Претставник на УНХЦР во земјава, Габриел Гуалано Де Годој, посакувајќи му добредојде во земјава и успешен мандат. На средбата, од страна на двајцата соговорници беше истакната исклучителната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и УНХЦР, за што беше изразена заемна благодарност и …

Continue Reading

Кузеска: Пецаков доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач

На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач, објави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Кузеска рече дека над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка. „Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина …

Continue Reading

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица гласаа се што Градот и Арсовска предложи

„Коалицијата на власт каде сврзна точка е „медот“ СДС, ДУИ и Левица гласаа се што Градот и Арсовска предложи. Гласаа точки кои преку злоупотреба беа прикажани за вонредни, без никакво објаснување за вонредност“, соопшти Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Збореа за хаус мајстори, за комунален ред, за паркови, и украсување на градот со знамиња и се тоа на вонредна седница, без …

Continue Reading