(Видео) Ковачевски ги пречека колегите од регионот и високите претставници од ЕУ и САД на Лидерскиот состанок во Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски е домаќин на Лидерски состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, а на којшто присуствуваат лидерите од регионот, како и високи претставници на ЕУ, САД и на меѓународните финансиски партнери. За состанокот во Скопје, пристигнаа лидерите од регионот, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Еди Рама, претседател на Владата на Република …

Continue Reading

„Лукаревска е одговорна за криминалната исплата на 22 милиони евра поврат на ДДВ на фирми кои не се достапни за институциите“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Лукаревска се препелка струмичко-косовскиот скандал со поврат на ДДВ тежок десетици милиони евра. Излегуваат нови документи кои говорат за сериозен милионски криминал кој таа како најодговорна во најмала рака не го спречила“, соопшти ВМРО-ДПММЕ. „Имено документите покажуваат дека освен струмичката фирма АКТИКО, и друга струмичка фирма ХАНТОНОС, и двете отворени во 2022 година, биле продадени на косовски граѓани, откако претходно …

Continue Reading

„Сопругата на директорот на разузнавање Муслиу зела 620.000 евра грант по налог на владата на Ковачевски“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Сопругата на Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу земала 620.000 евра грант, додека над 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата. По налог на владата на Димитар Ковачевски, сопругата на Муслиу добила странски грант за тема поврзана со тероризам, односно токму тоа е предмет на работа на Агенцијата за разунавање чиј директор е токму Муслиу“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. …

Continue Reading

„ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП“, вели СДСМ

„Локалната власт на ДПМНЕ во Град Скопје за две години го уништи јавниот градски превоз. ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП. Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ а нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира“, соопшти СДСМ. „Советниците од ДПМНЕ, кои го имаат мнозинство во Советот и се …

Continue Reading

Демократски сојуз: Обвинителство за организиран криминал да отвори постапка за вработени во УЈП

Демократскиот сојуз бара Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да започне истрага (и да ги обезбеди доказите) за да се разјасни дали вработени во Управата за јавни приходи на РМ имале поврзаност и соработка со нафтени компании и им помогнале при извршување на кривично дело „Даночна измама”, на начин што по нивното барање за поврат на …

Continue Reading

Маричиќ му посака добредојде на Џејмс О`Брајан

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го пречека Џејмс О’Брајан, шефот на Одделот за координација на санкциите при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и именуван помошник-државен секретар за Европа и Евроазија. Вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на О`Брајан и му се заблагодари за поддршката што Соединетите Американски Држави ја даваат на Северна Македонија. Помошник државниот …

Continue Reading

Демант од СДСМ: ДПМНЕ лаже и продолжува да се заплеткува во сопствените ,,гачки”

ДПМНЕ и Стоилковски лажат и се заплеткуваат во сопствените гачки. Фатени како изнесуваат невистини, дека износот од 22 милиони евра кој го споменуваа вчера е објавен во листа на должници и преставува даночен долг, а не поврат, денеска ја сменија плочата со нови гачки. Значи УЈП ниту вратила поврат, ниту дозволила незаконски постапки. Тоа е факт. Дополнитрлно, кај сите посочени …

Continue Reading

(Видео) Стоилковски: Како ќе наплати Лукаревска 12,2 милиони евра криминален поврат на ДДВ, ако сопственикот на ХАНТОНОС не постои?

Продолжуваме со изнесување на вистината за криминалот тежок над 22 милиони евра, пари од УЈП извлечени преку поврат на ДДВ. Лукаревска не ја говори вистината дека спречила злоупотреби преку поврат на ДДВ. Вчера презентиравме дека УЈП на фирмата АКТИКО, потоа продадена со сменето име ОКИТНА искористила поврат од 11 милиони евра, а потоа УЈП открива дека воопшто нема деловни книги …

Continue Reading

СДСМ: Мора има одговорност за аферите, градоначалниците на ДПМНЕ фатени со рацете во медот

Мора да има одговорност за аферите за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ, се вели во соопштение од СДСМ. -Градоначалниците на ДПМНЕ се фатени со рацете во моедот, со купување поскапи машини за неколкупати повисока цена над реалната. Општина Битола набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра. Иста машина е набавена и од …

Continue Reading