Родителите на невакцинираните деца нека се организираат за чување, не би требало да ги праќаат во градинка, вели Демири

Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис, објави новиот министер за здравство, Илир Демири. Тој упати порака до родителите со мали деца дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинацијата. „Децата треба да се вакцинираат, па да се вратат во градинка. Ако не се вакцинирани, треба да ги прашате родителите како ќе го организираат чувањето на детето“, …

Continue Reading

Џафери-Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

Премиерот Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ. На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион. Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот …

Continue Reading

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи, ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

Со месеци на партиски пресови од белиот дворец ДПМНЕ тврдеше дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. Наместо решение, министерот на ДПМНЕ во техничката Влада направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши, велат од Социјалдемократскиот сојуз. Од …

Continue Reading

Северна Македонија годинава инвестира 327 милиони евра во одбраната, рече Петровска во Брисел на состанокот на НАТО

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Брисел учествуваше на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана, каде во две сесии се разговараше за трансатлантското единство, плановите за одбрана и одвраќање, зголемените инвестиции во одбраната и сојузничката поддршка за Украина. „Северна Македонија е една од 18-те сојузнички земји кои го исполнија заеднички договорениот критериум за инвестирање …

Continue Reading

Што направи во Владата во која 4 години е министер и лапа плата, освен што држи предавања: Лефков до Грковска

„Наместо да се однесува како аналитичар, Славица Грковска да каже што конкретно направила во владата во која е 4 години министер и лапа плата. Освен што држи предавања?“, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. „Таа е соучесник. Со тоа што дреме во владата и ништо не прави конкретно, нејзините јавни обраќања се ништо освен најобичен памфлет. Оттука ја прашувам да …

Continue Reading

Пендаровски за Законот за игри на среќа: За првпат ЕУ реагираше поради злоупотреба на европското знаменце, Груби би требало да е запознаен

Никогаш порано, за ниту еден закон, Европската Унија не реагирала пред воопшто да се донесе законот заради злоупотреба на европското знаменце – за Законот за игри на среќа имаше таква реакција, вели претседателот Стево Пендаровски кој не го потпиша Законот. „За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Имено, во тој дел, …

Continue Reading

Лога – Хамран во Хаг: изразена благодарност за поддршката од Европравда

Министерот за правда Кренар Лога,  одржа средба со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран во Хаг, Холандија. На средбата се дискутираше за важноста од учеството и активниот ангажман на земјите кандидати преку обвинителот за врска како демонстрација на заложбите и напредокот во евроинтеграцискиот процес, но и како можност да бидат дел од процесите кои главно се резервирани за земјите членки на …

Continue Reading

Mилошоски: Амбасадорот Мемеди ги известил властите во Италија дека се неважечки пасошите со старото име, ова е скандалозно

Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името “Република Македонија”, од 12 февруари се неважечки, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. „Наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на …

Continue Reading

Андоновски: Во Министерството за администрација се архивираат одлуки со вчерашен датум за да поминат нелегалните вработувања

Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум, за да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите, обвинува Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерството. „Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање на …

Continue Reading