Левица: ДПМНЕ лаже дека ги решија проблемите на струмичките земјоделци – откупувачите сè уште ја диктираат цената!
„Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана …
Continue Reading
(Видео) Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт
„Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник за значењето на младите, најголемиот потенцијал на една држава. Тие се прогресивната сила – двигатели на развојот, носители на иднината. Во нормалните држави владите се фокусирани на создавање подобри услови за младите, подобро образование, работни места, достоинствени плати и сигурен живот, за младите да останат во својата држава“, кажа Трајче Стојчевски, претседател …
Continue Reading
„ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит“, велат од Левица
„ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат …
Continue Reading
(Видео) Штерјова: Изворот на труење не е ставен под контрола, има нови случаи на заболени и реинфекции во Гостивар
Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ. „Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Кога сме кај одморите, чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче, во Грција или во Бугарија?
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. „Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога …
Continue Reading
ДУИ: Како Недим Рама, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес“?
Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија, велат од ДУИ. Од таму наведуваат дека Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, велат …
Continue Reading
Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна демократска …
Continue Reading
Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со …
Continue Reading
СДСМ: Пет недели труење во Гостивар – Мицкоски ниту еднаш не отиде во градот, а оди на одмор
Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода, велат од СДСМ. Обвинија дека премиерот ниту еднаш не отишол во Гостивар од појавата на епидемијата. „Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на …
Continue Reading