Муцунски: Наскоро Македонија ќе добие Влада која што повторно ќе се грижи за македонскиот јазик и за македонската традиција
„Не сакаме да имаме јазик во изумирање, сакаме да имаме јазик којшто повеќе ќе биде афирмиран и промовиран. И тоа значи промоција дома, афирмирање на нашиот јазик дома, но и ширење на знаењето“, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Јазикот е нашиот идентитет“ организирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. „Што правиме како држава да испратиме …
Continue Reading
Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи
Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на новинарски прашања, Османи изјави дека Швајцарија досега формално се изјаснила дека дозволува движење со македонските пасоши, додека Босна и Херцеговина испратила допис дека на нејзината територија повеќе нема да бидат валидни пасошите и личните карти со старото име на државата. …
Continue Reading
Џафери од Арачиново: До здраво општество од најраната возраст на идните генерации
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја посети Општина Арачиново. Премиерот Џафери ја посети градинката „Фатосат”, каде имаше свое обраќање, а потоа го посети Основното училиште „Абдил Фрашери“ во Арачиново. „Задоволство е да се биде денес овде. Ова е во фаза на она што е моја дневна активност, покрај активностите во Кабинетот. Ние сме должи да сме …
Continue Reading
Николовски изврши увид во градежните активности за изградба на браната Речани
Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно наводнување на земјоделските површини. Токму затоа изградбата на нови и реконструкцијата на постојните системи за наводнување е приоритет, на кој како министерство посветено работиме сите овие години. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при работните активности во Кочани изврши увид во градежните активности за изградба на браната Речани. „Градиме модерни системи …
Continue Reading
„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“
Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Ахмети ќе ја соопшти големата вест“, информираа од ДУИ преку допис до медиумите. Изминатиот период јавноста е во исчекување кого ќе предложи ДУИ за претседателски кандидат, откако обединетата албанска …
Continue Reading
Бојмацалиев: 17 милиони евра за 80 реконструирани објекти, започнати нови реконструкции на управните служби во МТВ и Центарот за Обука во Идризово
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за медиумите по посетата на Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што стартува реконструкцијата на комплексот после цели 53 години, рече дека ова е 82 објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти на територијата на целата држава. „Би сакал да напоменам оваа реконструкција е 82 …
Continue Reading
Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај „Воена болница“
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од работната група од Министерството за култура и дека денеска постапила по него. „Во Извештајот е наведено дека издаденото конзерваторско решение не е во согласност со Правилникот што е постоечки по Законот за заштита на културно наследство и затоа предметот го …
Continue Reading
(Видео) Маркоска: Обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, а пратениците на ДПМНЕ блокираат закони за вработени во МВР
„Додека надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони со кои се овозможува решавање на станбените прашања за вработните во МВР и безбедносните служби“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ. „ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби. …
Continue Reading
Ковачевски: Дојде време кога Универзалната сала се враќа на скопјани, во време на ВМРО ДПМНЕ, беше оставена на забот на времето
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја посети Универзалната сала, каде што се разговараше за процесот кој беше почнат пред неколку месеци кога Министерството за култура со Договор ги презема правата за реконструкција и адаптација на салата од Град Скопје. „Драго ми е што навистина после долги преговори и разговори, конечно дојде времето кога овој култен објект, …
Continue Reading