„Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе. Спасовски, Ковачевски, Пендаровски беа први на сликите со криминалците кои во последата година се ликвидираат меѓу себе“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски. „И оваа ликвидација води кон СДС. Застреланиот бил пронајден од братот полицаец чие име се спомнува во структурата …

Continue Reading

(Видео) Каевски: Убиство, запалено кафуле, тепан полицаец, некадарност на ДПМНЕ или вмешување во бизнисот со дрога?

„Во еден ден во Скопје се случи убиство а потоа беше запален и кафе бар. Според првичните информации од медиумите станува збор за криминална пресметка на лица од подземјето. Министерот и началникот на СВР Скопје кои Мицкоски ги постави покажуваат голема некадарност во водењето на МВР“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ. „ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да …

Continue Reading

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информираше Бојмацалиев

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на македонските граѓани со лична карта. Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со …

Continue Reading

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи собра 10.528 потписи. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 8.400 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 6.237 потписи, кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари 7.513 потписи, …

Continue Reading

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата нарко пресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија. Убиството кое се случи вчера е продолжение на крвавата нарко пресметка на клановите чии грозоморни убиства започнаа во времето кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи. Таквата сила на тие кланови доаѓа поради фактот што Спасовски, Заев и Ковачевски …

Continue Reading

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат голема некадарност во водењето на МВР. Најважното, безбедносна на граѓаните се загрозува со тоа. ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот“, истакнуваат од владејачката партија. Го очекуваат, како што истакуваат во дописот, денеска …

Continue Reading

СДС веднаш да го прифати нашиот предлог за продолжување на важноста на пасошите и да ги ослободи граѓаните од државен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДС создаде вистински хаос во државата. Според оваа партија, владата на СДС и ДУИ во домашен притвор стави над 600.000 граѓани, а на над стотици илјади граѓани им го загрози престојот во странство. „И наместо да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите, СДС тера инат на сметка на граѓаните. Инатот на СДС …

Continue Reading

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал десет илјади потписи, со што го исполнува условот за учество на престојните претседателски избори. Во обраќањето, Османи рече дека веста за потписите го затекнала во домашен амбиент. Повика на позитивна кампања, каде ќе се судрат идеите и делата.

Continue Reading

Во Хрватска може и со старите пасоши, рече амбасадорката на средбата со Тошковски

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина со несмален интензитет. Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше изразена благодарност …

Continue Reading