Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе делува како пратеник

Градоначалникот на Општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени за пратеничка. Преку неговиот Фејсбук статус вели дека отсега ќе делува како пратеник во Собранието на Република Македонија и дека ќе биде гласот на волјата на народот. „Од денеска започнува моето ново патување како пратеник во Собранието. Ветувам дека ќе бидам …

Continue Reading

Маричиќ – Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора да продолжи со превземање на одговорноста и обврските на патот кон ЕУ

Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија. На средбата се говореше за приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување и поддршка на процесот на европските интеграции на Северна Македонија во периодот што следи. Унгарија како претседавач ќе биде фокусирана на проширувањето на Европската Унија со земјите кои …

Continue Reading

Сиљановска Давкова – Ангеловска-Бежоска: во фокусот тековната работа на Народната банка и зачувување на макроекономската стабилност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија. На средбата, прва по нејзиното стапување на функцијата, Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на Народната банка и остварувањето на предвидените цели, насочени кон постигнување и одржување на ценовната стабилност и кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем. На …

Continue Reading

(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ поставува измеќар на СДС, за претседател на Собранието

Предлогот на новото мнозинство за избор на Африм Гаши за собраниски спикер не е ништо друго освен крунисување на партиите кои соработуваа во криминалната Влада на СДС, од страна на ДПМНЕ. „Имаме јасен приказ дека силно ДПМНЕ најмногу значи силна Алтернатива. Зошто значи силна Алтернатива? – Токму оваа партија која беше измеќар на СДС, токму СДС ја избрка од својата …

Continue Reading

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, на Конститутивната седница на новиот парламентарен состав, најави дека ќе ја извршува функцијата премиер до изборот на новата Влада, и до тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието.   Џафери, се повика на Уставот, законите и …

Continue Reading

Левица: ДПМНЕ денес капитулира, само шесте наши пратеници гласаа против Африм Гаши

На денешната Собраниска седница, пратениците од Левица понудија бланко – поддршка за ДПМНЕ да ne изгласа претседател на Собранието којшто изминативе години промовира балистички и иредентистички политики, многукратно повредувајќи ги македонските инсигнии, велат од Левица. „За жал, партијата која се претставува за заштитник на македонските националните интереси, одби да постави Претседател на Собранието од своите редови, погазувајќи го легитимитетот добиен …

Continue Reading

Силјановска Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата. „Знаете дека тие лентите не се многу големи, разговаравме во кабинетот, имавме и различни мислења меѓу себе, на пример јас имав мислење дека може „РС Македонија“, бидејќи немаше простор. Но, некако на крајот рековме дека можеби бидејќи јас сум …

Continue Reading

(Видео) Крмов: Лошо почна Собранието, Левица е четврта сила во Парламентот, а веќе е оштетена

„Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети нашата партија со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија“, рече од собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов, како единствен пратеник што побара збор пред паузата. – Според член 12 став 2, Верификациската комисија се состои од …

Continue Reading

Многу брзо ќе добиеме европски ориентирана влада, велат од партијата на Гаши

Многу брзо како држава ке добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните, велат од политичката партија Алтернатива, која е дел од коалицијата Влен (Вреди). „Работните групи на ВЛЕН, како легитимен претставник на албанците и ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршија процесот …

Continue Reading