Сиљановска Давкова денес и утре на Самитот за мир во Украина
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот, информира претседателскиот Кабинет. Собирот има за цел да …
Continue Reading
ЗНАМ ги соопшти кандидатите за министри во новата влада
Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за администрација. Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ. …
Continue Reading
Таравари-Пападополу: Спроведувањето на договорите кои се веќе усвоени, треба да биде задолжително иако и во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат
Претседателот на Алијснса за Албанците, Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса остварија средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу, и амбасадорката на Република Грција, нејзината екселенција Софија Филипиду. На средбата, страните се согласија за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји …
Continue Reading
Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра Пападополу, со која разменија мислења за јакнење на соработката и дијалогот меѓу двете земји на сите полиња, како и за понатамошниот процес на пристапување на земјава во Европската Унија. Тој се заблагодари за поддршката од Грција за процесот на евроинтеграција …
Continue Reading
Ахмети се сретна со Пападопуло: Легитимитетот е основа на Охридскиот Договор
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со заменик министерот за надворешни работи на Грција, Александра Пападопуло која е во посета на Скопје на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Изборите, Охридскиот договор и легитимитетот, европската перспектива на земјата и потребата од натамошна поддршка од Грција, беа дел …
Continue Reading
Буши со делегација на МВР на Косово: во фокусот договорот за заеднички гранични премини „Јажинце-Глобочица“ за олеснување на движењето
Денеска министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Назим Буши оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Косово, предводена од полковник Ракип Буњаку, еден од претседателите на Заедничкиот експертски комитет на Република Косово и Република Северна Македонија. Буши пред започнување на официјалниот прв состанок на Заедничкиот експертски комитет на Република Северна Македонија и Република …
Continue Reading
Деспотовски: Битола е желна за промени – гласни барања за раскрстување со досегашните политики и начин на избор на кадровски решенија во СДСМ
Пред преполна сала во општинската организација во Битола, кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски ја презентираше програмата Нов почеток за нов СДСМ со кој се предвидуваат суштински реформи во партијата и зајакнување на општинските организации и нивен удел во носењето одлуки и креирањето политики. „Битола е желна за промени. Членството бара радикален дисконтинуитет со досегашните политики …
Continue Reading
Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри, вели Шаќири
Од одредени политички субјекти сум прозван дека сум основал Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга. Некои пак споменуваат Факултет за медицински науки, а тоа се два различни поими. Нема да навлегувам во причините за ваквите објави, дали се тенденциозни или од незнаење, но оваа информација категорично ја демантирам, вели министерот за образование и наука во заминување Јетон …
Continue Reading
Гаши се сретна со германската амбасадорка Дрекслер
Претседателот на Собранието Африм Гаши денес оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Беше искажано особено задоволство од реализација на средбата и благодарност за германскиот проактивен пристап и поддршка во остварувањето на нашите стратешки цели, претходно членството во НАТО и нашите тековни напори кон поноправно членство во Европската унија. Претседателот Гаши ја …
Continue Reading