Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Сиљановска Давкова денеска ја разреши заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање. Претседателката, како …

Continue Reading

Николоски-Агелер: разговарано за реформските процеси и стратешките приоритети

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на владата и Министерството за транспорт. Николоски ја истакна огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција. Тој изрази уверување дека предвидените …

Continue Reading

Александар Јанев е нов директор на Бирото за јавна безбедност: Ред, закон, интегритет и безбедност без компромис

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на м-р Сашо Тасевски. На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите …

Continue Reading

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и одлука за укинување на Факултетот за здравствени науки во Струга. – Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата …

Continue Reading

Петровска: Нема да гласам на изборите во недела, поради бројни изборни нерегуларности тие веќе се нелегитимни

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска оддржа прес-конференција пред седиштето на партијата, на која кажа дека во недела таа нема да излезе да гласа и ги повика останатите противкандидати да го сторат истото. „Моето име ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите се веќе испечатени, но јас лично нема да излезам да гласам и се разбира дека …

Continue Reading

Левица: Таравари и Фатмир Меџити добија функции додека ДПМНЕ ги обвинуваше за куќите во Тафталиџе

Новата Влада само ги замени позициите на Министерот и директорите на јавните здравствени установи во државата, па така, наместо очекуваните нови лица во руинираниот здравствен систем, назначени се лица кои имаат огромен политички багаж и низа на скандали позади себе, велат од Левица. „Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Општина Гостивар, кој според ДКСК е соучесник во изградбата на повеќе дивоградби, …

Continue Reading

Мадиќ: СДСМ целосно е подготвен за фер и демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата

СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела. Централната изборна комисија во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите, вели Викторија …

Continue Reading

ДУИ: Моноетничката влада го укинува Охридскиот договор, ја намалува правичната застапеност од 29,5 на 25 отсто

Демократската унија за интеграција објави дека се длабоко загрижени за „одлуката на власта со моноетнички легитимитет да ја смени формулата за „балансер“ што ја одредува правичната застапеност на сите етнички заедници пред целосно да ја поништи“. „Игнорирајќи ги последните податоци од пописот кои покажуваат дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од населението, оваа влада одлучи да го врати процентот под 25 …

Continue Reading

Муцунски-Силвестри: Искажана натамошна посветеност за интензивирање на билатералната соработка и меѓусебниот политички дијалог

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. На средбата, беа поздравени традиционално блиските пријателски и партнерски односи кои нашата држава во изминатите три децении успешно ги развиваме, а воедно беше искажана и натамошна посветеност за интензивирање на билатералната соработка и меѓусебниот политички дијалог. Министерот Муцунски упати голема благодарност за силната …

Continue Reading