(Видео) Ковачки: 800 милиони евра во земјоделието, поддршка за младите земјоделци и решавање на проблемот со откупот
„Општина Зрновци се развива, планираме во наредниот период во мандат на ВМРО-ДПМНЕ да инвестираме дополнителни милион евра за потребите на граѓаните од општина Зрновци“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3. „Исто така 800 милиони евра ќе бидат директна помош за земјоделците во цела Македонија, тоа значи дека ќе го решаваме откупот на …
Continue Reading
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите
Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија. „Дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет. Искажувајќи ја својата почит кон ромската етничка заедница како нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество, би …
Continue Reading
„Фуркан Салиу сам призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација на настаните, зошто сега СДС не мисли дека напад врз полицаец не е напад врз државата“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски од СДС во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“. Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата? Што е различно во овој случај?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат …
Continue Reading
Ванковска од Тетово: Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан
Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на партијата Левица, ја продолжи својата изборна кампања во Тетово, каде што огромен број на граѓани беа присутни да ги слушнат нејзините пораки. Професорката Ванковска од Тетово порача: „Тетово ме асоцира на потребата да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор, зашто 20 и кусур години живееме без знаење каде лежат нашите најдраги да ги погребаме! Ние …
Continue Reading
Мицкоски: Ковачевски на тацна му ја подари државата на Ахмети, 100 души од ДУИ одлучуваат за 2 милиони народ
ДУИ и СДСМ се лицето и опачината на една иста паричка. Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на главниот стопан Ахмети. 100 души од ДУИ управуваат со два милиони народ. Тие одлучуваат за тендерите, за тоа кој да се вработи, кој каква работа да добие. 20 години се силно навлезени во институциите кои ги криминализираат до највисока мера, кажа …
Continue Reading
„За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот. Пендаровски е покровител на фалсификуваните документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за изработија на истите имаме основани сомненија дека стои АР водена од Еролд Муслиу близок на Пендаровски и Миле Зечевиќ како посредник преку кого одат плаќањата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пендаровски призна дека се …
Continue Reading
„Бруталното апсење на новинарот Салиу потврдува дека нема промена, ДПМНЕ е режимска партија“, велат од СДСМ
„Во ДПМНЕ нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, што се потврди со бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ“, велат од СДСМ. „На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски. Значи началниците назначени од …
Continue Reading
(Видео) Пендаровски: Знам дека охриѓани на 24 април ќе им кажат „не“ на оние кои не и мислат добро на државата
Четвртиот ден од изборната кампања вчеравечер кандидатот за претседател Стево Пендаровски го заврши со граѓански митинг во Охрид. Посочувајќи дека го одржал ветувањето дадено пред охриѓани пред пет, односно пред 10 години дека ќе биде претседател на сите, Пендаровски рече дека, ако повторно ја добие нивната доверба, и во следните 5 години нема да работи на поделби меѓу граѓаните и …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Бараме целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, да му се почитуваат сите негови права и слободи како новинар
Ја браниме и во целост ја почитуваме новинарската дејност и слободата на новинарите да известуваат и пишуваат за настаните и темите од јавен интерес, без било какви пречки. Секој еден новинар ја има нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР. Тоа треба да се осуди од сите чинители и доколку се потврди …
Continue Reading