Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, во текот на утрешниот ден и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола, пристигна помош од Турција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Охрид, во врска со пожарите во земјава, изјави дека следните два дена ситуацијата ќе биде целосно под контрола и во моментов помош е пристигната од Турција, а се чека и од Србија, Црна Гора и Словенија. „За разлика од „како до сега“ кога …

Continue Reading

Средба Ѓорѓиевски -Трајановски: во фокусот подобрување на состојбата со патната инфрастуктура

​Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес оствари прва средба со новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски. На овој работен состанок, Ѓорѓиевски информираше за состојбата во единиците на локалната самоуправа во областа за која Трајановски е надлежен- државните патишта, нивната изградба и одржување. Заеднички ги лоцираа фокусите кон кои треба да се насочи работењето на ова …

Continue Reading

Муртезани-Силвестри: Италија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на европскиот пат

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес во просториите на Министерството за европски прашања оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република во Северна Македонија, Андреа Силвестри. На средбата Муртезани истакна дека поддршката на Италија е од големо значење, како и зацврстувањето на партнерските односи. На состанокот, покрај меѓусебните билатерални односи, се зборуваше и за Планот за раст на Европската Комисија …

Continue Reading

Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум

„Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот“, кажа премиерот Христијан …

Continue Reading

„Нераскинувањето на Договорот со Бехтел и Енка го прави ДПМНЕ соучесник во најголемиот криминал на СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

„Додека партискиот шеф, а сега – премиер, Христијан Мицкоски, во предизборниот процес често го критикуваше Договорот со Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, новопечениот министер за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, најави дека ќе продолжи да го реализира договорот потпишан од СДСМ за изградбата на Коридор 8 и 10д, што од партијата го класифицираа како „недомаќински и …

Continue Reading

Средба Муцунски – Прескер: во фокусот процесот на интеграција во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка, а беа разменети и мислења за актуелните состојби, како во двете земји, така и во Регионот. Во разговорите, посебен фокус беше ставен врз процесот на интеграција во Европската Унија, при …

Continue Reading

Кој ги убива рибите во делчевска Брегалница​, прашуваат од Левица

Локалните сточари во делчевско, во атарот на селата Драмче и Бигла, забележале мртви риби по течението на реката Брегалница. Шокантни сцени кои уште еднаш ги потврдуваат сомнежите за небрежноста и неспособноста на новата Влада да превземе вистински мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, истакнуваат од Левица. „Љупчо Симоновски, самостоен општински инспектор, вели дека утринава е направен …

Continue Reading

Проштална средба Муцунски – Норман, стана збор за нашиот евроинтегративен процес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари проштална средба со нерезидентниот амбасадор на Канада, Џајлс Норман. Муцунски изрази благодарност за целокупната работа на Амбасадорот, нагласувајќи дека со неговиот ангажман и континуираните заложби до висок степен придонел за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Канада. На средбата стана збор и за сојузништвото во …

Continue Reading

Левица: Лоби групите директно ја поткопуваат демократијата и ја стимулираат корупцијата

Пред неколку дена со одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Друштвото за услуги „Прима Инкасо ДООЕЛ“ од Штип стана првата лоби-организација која е официјално запишана во Регистарот на лобисти, лоби-организации и лобирање дури по две години од неговото формирање, но сигурно далеку од единствената која постои, истакнуваат од Левица. Лобирањето, како што додаваат од овааа партија, претставува …

Continue Reading