СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите си ги блокираат проектите кои заедно со Арсовска ги ветуваа

Се случува тотален хаос со јавниот превоз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе ЈСП во катастрофална состојба, вели СДСМ преку соопштение. „Автобусите доцнат а често и воопшто ги нема, по топлото време граѓаните со часови губат време и не можат навреме да стигнат никаде. Во преполни автобуси луѓе колабираат, интервенира брзата помош, а возењето со распаднатите кинески автобуси е ризично и …

Continue Reading

Муцунски: Високо ја цениме подготвеноста на нашите пријатели од Австрија, Грција, Романија, Словенија и Хрватска за поддршка во справувањето со активните шумски пожари

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари одвоени телефонски разговори со министерот за европски и надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, министерката за надворешни работи на Романија, Луминита Одобеску, министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман. Во фокусот на разговорите беа активните …

Continue Reading

СДСМ: За хаосот во ЈСП виновни се единствено ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси. Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие. По принципот или ние или никој, велат од СДСМ. – ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со …

Continue Reading

Ние ја набавивме целата опрема и успешно се справувавме со пожарите седум години, велат од СДСМ

Неспоредливо е тоа што го направи СДСМ за подобрување на системот за гасење пожари со неправењето ништо од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари. Беше набавено ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. Во континуитет го одржувавме високото технолошко ниво, …

Continue Reading

Левица: Градоначалникот на Тетово, Касами, од коалициското трио ВЛЕН – ДПМНЕ – ЗНАМ промовира албано – косовско културно лето

„Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и исценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ. Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши“, велат од партијата Левица. „Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик. …

Continue Reading

Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во …

Continue Reading

Коцевски – Јан Коп: Вистинските пријатели не се оние кои ви ласкаат со убави зборови, туку оние кои со отворени критики сакаат да ве поттикнат да напредувате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска го прими во проштална посета Амбасадорот на Кралството Холандија во земјава Дирк Јан Коп за да му се заблагодари за соработката, посветеноста и за придонесот што тој го даде за време на својот мандат за достигнување на европските стандарди во нашата земја во многу клучни области, особено во правосудството. „За нас …

Continue Reading

Средба Андоновски – Kлековски: Забрзана дигитализација за поефективен здравствен систем

Како да се забрза процесот на дигитализација на здравствениот систем во државата? Што е потребно, како да се зголемат и подобрат дигиталните услуги и како да се изврши вмрежување на сите податоци на едно место за пациентите. Ова беа дел од темите за кои денеска разговараа Стефан Андоновски, министерот за дигитализација и Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, директори на Фондот …

Continue Reading

Се изработуваат шест закони од областа на образованието, МОН ќе го слушне јавното мислење пред истите да бидат усвоени

Работни групи во Министерството за образование и наука во кои членуваат и стручни лица од наставничката и академската фела, експерти и претставници на повеќе надлежни институции, подготвуваат шест нови законски решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги кои се испорачуваат кон граѓаните и ќе се обезбедат повеќе права и можности за различни засегнати категории во областа, извести МОН. Станува …

Continue Reading