МНР со демант: Министерот Муцунски не беше придружуван од сопругата во Вашингтон

Иако постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга, се вели во демантот на МНР по соопштението на СДСМ во кое партијата прашува дали Муцунски бил со сопругата во Вашингтон. -Министерот единствено беше придружуван од …

Continue Reading

СДСМ: Скандалот „фамилијарни патувања“ се проширува, дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашнгтон?

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон, велат од СДСМ. „И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не …

Continue Reading

Перински: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме …

Continue Reading

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што ја направи уште во првите 10 дена како Премиер. Наместо да поканеше некој првенец на генерација или најдобриот студент, тој реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон како дел од владината делегација“, вели пратеничката на СДСМ, Славјанка …

Continue Reading

Муцунски се сретна со новоименуваниот претставник на СЗО во земјава: Владата ќе работи посветено за зајакнување на националниот здравствен безбедносен систем

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со новоименуваниот претставник на СЗО во земјава, Акиим Али, со цел предавање на копиите од акредитивните писма. Муцунски му честиташе на Али за именувањето на функцијата Претставник на СЗО, посакувајќи му добредојде и со изразено уверување за натамошно зајакнување на заемната соработка во периодот што следи. На средбата, Муцунски …

Continue Reading

Сиљановска Давкова со членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација: потенцирана заложбата за транспарентност во елиминирање на сите видови дискриминација

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). На средбата членовите на Комисијата ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со тековните активности, обемот на поднесените претставки, донесените одлуки и бројот на досега утврдените случаи на дискриминација. Во таа насока ја потенцираа нивната заложба за транспарентност, достапност и проактивност во елиминирање на сите видови …

Continue Reading

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по партиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат, реагираат од СДСМ. Последен пример, како што велат, е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот …

Continue Reading

СДСМ обвинува за незаконски распределувања на вработени во МВР и нуди бесплатна правна помош

Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација, обвини СДСМ, нудејќи бесплатна правна помош на сите оштетени. Пратеникот Борче Цветков вели дека во моментот се случуваат незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања. „Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел и на раководни позиции. Спротивно на законските …

Continue Reading

„Тошковски нема решено ниедно убиство за шест месеци“, велат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ во паника денес објавува дека од вкупно пет убиства и три обиди за убиства, Панче Тошковски за само шест месеци решил еден обид за убиство. Ова е катастрофален учинок кој ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во водење на МВР како инститиција. Бидејќи се обидуваат да ја лажат јавноста, еве ги вистинските податоци за нивната работа и во минатата и …

Continue Reading