Перински се сретна со амбасадорката Вероник Улман: Владата на Швајцарија е голем поддржувач на локалниот и на регионалниот развој

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, разговараше за досегашната соработка во областа на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој, како и за приоритетите на Министерството за локална самоуправа во наредниот период. На средбата беше истакнато дека поддршката на швајцарската Влада во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој се реализира …

Continue Reading

Минчев-Агелер: истакната силна воља за реформи во јавната администрација и поздравена поддршката од САД

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Ангела Агелер и Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска одржаа состанок на кој ги истакнаа силните и трајни односи како и нивната заедничка посветеност за промовирање на добро владеење и ефективна департизирана јавна администрација. На средбата стана збор за зајакнување на билатералните односи и истражување на можностите за соработка во јавната администрација и …

Continue Reading

Средба Муцунски-Буршаков: поздравена одлуката на казахстанската Влада за отворање на амбасада во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков. Муцунски ја поздрави одлуката на казахстанската Влада за отворање на Амбасада во Скопје, и му посака добредојде и успешна работа на амбасадорот Буршаков, прв резидентен Амбасадор на Република Казахстан во земјава. Соговорниците искажаа заемно задоволство од успешниот развој на односите меѓу …

Continue Reading

Министерот Таравари именуваше нови директори на неколку здравствени установи

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во повеќе здравствени установи. – Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче – Институт за трансфузиона медицина–Скопје, Амир Елези – Општа болница Куманово, Стефан Трајановски – Општа болница Велес, Александар Бузалков – Психијатриска болница Демир Хисар, Стевче Цветановски – Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Невена Маневска …

Continue Reading

Муртезани-Казуја: Потврдена јапонската поддршка во некои од најважните сектори за нашиот евроинтегративен процес

Денес министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше средба со амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Отсука Казуја, на која беше потврдена одличната билатерална соработка, како и јапонската поддршка на Северна Македонија преку донации во некои од најважните сектори за нашиот евроинтегративен процес. Министерот Муртезани му се заблагодари на амбасадорот Казуја за целокупната поддршка што Јапонија ѝ ја дава на …

Continue Reading

Мисајловски-Тигањ: Хрватска останува поддржувач за нашата евроинтеграција

Споделуваме заеднички демократски вредности и принципи, владеење на правото, слобода, безбедност и како земји сојузнички активно придонесуваме во регионалните иницијативи со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, заклучија министерот Владо Мисајловски и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба во Министерството за одбрана, на која присуствуваше и одбранбеното аташе полковник Стјепан Домјанчиќ. Мисајловски упати благодарност за континуираната …

Continue Reading

(Видео)Лефков: Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија

Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија? Венко Филипче да не се крие и да одговори за поврзаноста со Ирина Пановска, директорка на Хематологија во негово време и нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата Др. Пановски, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Филипче, вели Лефков, е тој што …

Continue Reading

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и дигитални услуги, гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството. Дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма. Во тој контекст, фокусот …

Continue Reading

Муртезани-Дрекслер: разговарано за европските интеграции и билатералните односи меѓу двете земји

Денес во просториите на Министерството за европски прашања, Муртезани имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата се разговараше за темите поврзани со европските интеграции на земјата, билатералните односи меѓу двете земји, спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда кои се важни за поттикнување на реформите и економскиот развој во земјата, а …

Continue Reading