Мицкоски: ДУИ планира есенва да ја дестабилизира државата за да си го заштити капиталот
Имаме информации добиени од повеќе канали дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) со цел да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека се очекува есенва да дојде до тоа. Мицкоски на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер, Аљбин Курти, рече дека ДУИ …
Continue Reading
СДСМ: Одговорноста е кај Гаши кој го испратил обезбедувањето на аеродромот за да се заканува
Откако не успеаја да го скријат скандалот со пиштолџијата на Гаши во страв дека ќе се дознае целата работа, МВР го потврди она за коа со денови предупредувавме, реагира СДСМ преку соопштение. „Но ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да удри само по самарот, а да молчи пред нарачателот. За целата оваа состојба има одговорност и коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши кој …
Continue Reading
ВМРО-Народна: Коридорот 8 е од геостратешка важност – економски не’ поврзува со Бугарија, Албанија, Турција, Блискиот Исток и целиот постсоветски простор
ВМРО-Народна партија соопшти дека Коридорот 8, односно поврзувањето на Северна Македонија железнички и комплетно инфраструктурно на правецот Албанија – Бугарија е стратешко определување на независна Македонија од самиот почеток на демократизацијата и нејзиното создавање. Главен политички носител на тој Коридор била токму партијата ВМРО-ДПМНЕ со својот потпис во 2002 година. „Завршувањето на Коридорот 8 ќе значи комплетирање на вистинската тежина …
Continue Reading
Петрушевски: Министерот Наим Бајрами од СДС и ДУИ за 4 месеци во кафеани потрошил 231 илјади денари, една просечна годишна плата на еден човек
Власта на СДС и ДУИ се однесувале кон државната каса како кон бунар без дно, не само што се ограбувала државата преку тендери, туку и немилосрдно се трошело на кафански седенки, на јадење и пиење на нивните функционери, вели Бране Петрушевски пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ. „Денес низ наједноставен пример, ќе ја доловиме сликата за ограбената држава од страна на …
Continue Reading
Мицкоски: Секој функционер, па и јас, е подложен на процедури кога користи комерцијален лет
На скопскиот аеродром се следат јасни и прецизни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, истакна премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот со косовската претседателка, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром, кога одбила безбедносна проверка, а се вмешало обезбдувањето на собранискиот спикер, Африм Гаши, кое им се заканувало на вработените. Мицкоски по средбата со неговиот косовски колега, Албин Курти, рече дека …
Continue Reading
Сајкоски: Локалната власт во Кичево трупа отпад во центарот на градот, дивата депонија гори, надлежните да реагираат
Еколошка катастрофа во Кичево, веќе подолг период општината и комуналното претпријатие одложуваат отпад во центарот на градот, вели Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. „Смрдеа, глодари, неподносливо станува да се живее. Денес кулминира со пожар кој ја зафати оваа дива депонија направена од страна на општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна општина. Иако како ВМРО ДПМНЕ апелиравме и пријавуваме денес се случува невиден хаос“, посочува Сајковски. Тој ги повикува надлежните институциите да постапат веднаш.
Continue Reading
Бојковска за ребалансот: Наследивме буџет во хаос, во кој не се предвидени средства за исплата
Драгана Бојковска, Пратеничка од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Драгана Бојковска, вели дека Владата наследила буџет во хаос, во кој не се предвидени средства за исплата, а кои биле законска обврска за државата. Денес продолжува амандманската расправа за ребалансот на буџетот за 2024 година, а ВМРО-ДПМНЕ тврди дека граѓаните нема да бидат оставени и ќе се покаже грижа за …
Continue Reading
Курти во работна посета на Македонија
Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу за косовските медиуми изјавил дека Курти во Скопје ќе има билатерална средба со премиерот, Христијан Мицкоски, со кого ќе разговараат за билатералните односи, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес на Приштина и Скопје. Од македонската Влада соопштија дека во рамки на …
Continue Reading
(Видео) Сајкоски: Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината
Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која што е направена од страна на Општината и ЈП Комуналец – Кичево, соопшти денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски. Во објава на својот Фејсбук профил, тој вели веќе подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде Општината и ЈП Комуналец – Кичево одложуваат отпад во центарот …
Continue Reading