Д-р Злате Мехмедовиќ: За нас во Движењето ЗНАМ здравјето не е трошок-туку инвестиција

Денеска д-р Злате Мехмедовиќ, кандидат за пратеник во ИЕ 2 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,  одржа прес конференција на која претстави дел од мерките за подобрување на состојбата во здравството, предвидени со програмата  „Проглас за достоинствена Македонија“ за претстојните парламентарни избори. Мехмедовиќ рече дека е дојдено времето да се стави крај на дисфункционалниот здравствен систем на кој изминатите …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Компаниите ќе ги поддржиме со 180 милиони евра, а просечната плата ќе достигне 1.100 евра

Коносителката на ИЕ5 , на коалицијата за европска иднина, Бисера Костадиновска-Стојчевска на средба со компаниите членки на Регионалната стопанска комора Битола, заедно со носителот Јован Митрески и кандидатот за пратеник Матодија Илиевски, порача дека нема откажување од силна домашна економија, која ја отвораме кон големиот европски пазар. Претставувајќи ја програмата за следниот мандат порача дека сега е вистински момент за …

Continue Reading

Богоев: Со мерки за олеснување на трговијата до зголемување на конкурентноста на македонските компании

Царинската управа како партнер на македонското стопанство е посветена на спроведување реформски политики што треба да овозможат забрзан раст на економијата и интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Денеска со „Синпекс“, домашна компанија за земјоделска и градежна механизација, со остварен увоз во 2023 од 1,2 милијарди денари, разговаравме за тековните активности што ги преземаме за олеснување и забрзување на трговијата, …

Continue Reading

Ѓорѓиевски и Тошковски на увид на локација за нова полициска станица

Градоначaлникот Орце Ѓорѓиевски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски,  заедно со командирите од двете полициски станици на територија на општина Кисела Вода извршија увид во населбата Кисела Вoда. На локација, во близина на кружниот тек помеѓу Кисела Вода и Припор, градоначалникот Ѓорѓиевски на Министерот Тошковски му ја презентираше можноста за изградба на нова полициска станица, која е предвидена со …

Continue Reading

(Видео) Мисајловски: Како идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ директно ќе го помагаме спортот

Денеска сме повторно во Бутел, навистина ми е драго кога доаѓам да видам што се работи во општината Бутел. Дарко е познат по спортски терени, по нови проекти и навистина ми е чест и задоволство. Денеска сум заедно со кандидатите за пратеници тука од Бутел и можеме да видиме уште еден увид на активностите, а тоа е нов спортски комплекс …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Ден пред гласање ми е разбиена пратеничката канцеларија во Кочани

На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија во Кочани, вели Миле Лефков кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Одржав пресс пред ОВР Кочани, веднаш по пресот на Бојмацалиев. Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност“, додаде Лефков. Според него …

Continue Reading

Османи со последна порака до младите: „Гласајте за кредибилна понуда! Зошто државата да им ја оставиме на некој за да експериментира?!“

Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија од мултиетничката коалиција Европски фронт, Бујар Османи, во пресрет на денешното заокружување на предизборната кампања, одржа конструктивна средба со младите, од кои повеќето во среда за прв пат го користат правото на глас. Зборувајќи за важноста на гласањето, Османи јасно стави до знаење дека тие се оние кои ќе ја одредат иднината на …

Continue Reading

Д-р Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун и 12.000 денари за зелена нафта

СДСМ и во својот нов мандат ќе продолжи да се грижи за тутунопроизводителите преку воведување на дополнителни мерки за нивна поддршка и вреднување на нивното производство. Ова го истакна д-р Венко Филипче во изјава за медиумите дадена од Прилеп во рамки на неговите активности како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во …

Continue Reading

(Видео) Стојаноска: Граѓаните во среда ќе бидат гласни и ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова

„Утре е предизборен молк, а задутре граѓаните на Република Македонија ќе бидат гласни и ќе гласаат за гласен претседател, за претседател на сите граѓани и за претседател кој достоинствено ќе ја претставува Република Македонија во и надвор од границите“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6. „Ве повикувам сите да гласате за Гордана Силјановска Давкова, да го заокружите бројот …

Continue Reading