Кузеска: Тошковски треба да го обезбеди куќниот притвор, тој е одговорен за бегството

Очаен е обидот за спинување на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно судот е крив што го ставил во куќен притвор Блерим Рамадани, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, Тошковски и МВР се задолжени да го обезбедат куќниот притвор на притвореникот. „Тошковски сноси директна одговорност за бегството на Рамадани и за тоа треба да има одговорност. Но прашањето кое треба да …

Continue Reading

Тошковски за бегството на Рамадани: Вистинското прашање е зошто судот одлучил да го стави во куќен притвор

Обид за добивање ситни политички поени и манипулација со јавноста се обвинувањата на опозициската СДСМ за бегството на Блерим Рамадани, реагира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во објава на неговиот официјален Фејсбук профил. Тој уверува дека МВР постапило максимално професионално, а СДСМ наместо да се фокусира на вистинските проблеми и да понуди конструктивни критики, избира да обвинува само за …

Continue Reading

Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справување со пожарите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата. Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при …

Continue Reading

Трипуновски: Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, кои што претходната власт не ги исплати

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот. „Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот. Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт …

Continue Reading

Мицкоски: Укинувањето на Балансерот не е иницијатива на политичка партија, туку доаѓа од ЕУ

Нашиот став, не е став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кога ќе го отворите скрининг извештајот ќе видите дека тоа е став на Европската Унија, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ се откажа во Собранието од Балансерот. Мицкоски потенцираше дека Балансерот изминатиот период бил злоупотребуван посебно во декларирањето во етничката припадност на граѓаните. …

Continue Reading

Трипуновски: Склучени 967 договори со површина од 2.700 ха

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Свети Николе додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 ха. Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. По овие повици …

Continue Reading

ДУИ: Моноетничката влада по налог на Вучиќ апси поранешни војници на ОВК

Демократската унија за интеграција изразува длабоко разочарување од крајно тенденциозната и повторена акција на институциите во земјата кон поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по наредба на српската влада и е уапсен во Скопје, велат од ДУИ. „Губитниците на изборите, рако-бакнувачите вазали во моноетничката власт, кои го немаат легитимитетот на албанските гласачи, но се претпочитани …

Continue Reading

Мицкоски: Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови, набавките нема да се преку привилегирани семејни веледрогерии, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Со тоа, рече Мицкоски, осигурениците ќе заштедат до два милиона евра. Премиерот очекува дека во иднина уште повеќе ќе се проширува позитивната листа на лекови и дека истите нема да се набавуваат преку привилегирани семејни веледрогерии. „Ја поздравувам, …

Continue Reading

Средба на претседателот Гаши со амбасадорот Јаќимовиќ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ. Двајцата соговорници беа едногласни дека станува збор за две пријателски земји, кои немаат меѓусебни отворени прашања. Народите се слични, со иста култура и обичаи, кои живеат во мултиетнички општества. Она на што треба да биде фокусот во следниот период е уште поголемо зближување на граѓаните, …

Continue Reading