„Мицкоски повторно слеп за самоволието на Гаши, МВР да ги покаже налозите“, бара СДСМ
„Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не запираат и секој следен е поскандалозен од претходниот. Најновото своеволие на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврдува дека не само што немаат намера да престанат со прекршување на правилата, туку тоа ќе го прават без да се грижат што мисли јавноста и граѓаните“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „По објавите на медиумите, …
Continue Reading
Мицкоски денеска на средба со Данела Арсовска
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе се сретне со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информираше Владата. „Денеска 19.08.2024 година (понеделник) во 15:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе остварат средба со Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје во просториите на Владата“, се наведува во соопштението.
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ бара судијата Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш
Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека судијата Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. „Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да …
Continue Reading
Судијата Пајазити кој го смести Рамадани во домашен притвор е избран во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, велат од СДСМ
Судијата Пајазити кој го смести Рамадани во домашен притвор е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, велат од СДСМ. „Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор. Што се однесува до судијата …
Continue Reading
СДСМ: Почина пациентка која во лоша состојба не била примена на Инфективна клиника
Откако утрово СДСМ алармираше дека има проблем со приемот на ковид пациенти на кои што име потребен респиратор на интезивна нега во Инфективната клиника, веќе попладнево, за жал, има смртен случај, соопшти СДСМ. „Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната клиника, а не била примена ниту на Карил по што …
Continue Reading
Кабинетот на Гаши реагира: Патувањето во Косово со семејството со службено возило е според протоколот
Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево соопштија дека тој вчера заедно со неговото семејство отпатувал во Косово, а посетата, како што велат, била целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Писмената реакција од Кабинетот на Гаши е по објавените видео снимки дека тој со службено возило во Косово „отишол по невестата“. „Претседателот на Собранието на 17 …
Continue Reading
Гаши како сват замина за Косово по невеста со служено возило, ЛДП изразува загриженост
Либерално-демократската партија изразува загриженост од континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на Македонското Собрание, Африм Гаши. Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на Скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, од ЛДП велат дека денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во …
Continue Reading
СДСМ: Одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со ковид-19 на респиратор
Според информациите кои стигаат до СДСМ, во моментов одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со ковид-19 на кои им е потребна респираторна поддршка. Според извештај до кој дојде СДСМ, како што е наведено во соопштението на оваа партија, директорот Фадил Цана информирал до Мој термин дека не работи интензивната нега. „Прашуваме дали ова …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2 отсто доверба во судството
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност одсудијата Пајазит Пајазити кој, како што велат во утринската реакција, го пушти Блерим Рамадани да избега. Од партијатата додаваат дека заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството. „Се додека судиите на СДС и ДУИ палат и гасат во судството нема да има правда. Потребни се итни и коренити промени. Потребно е распуштање …
Continue Reading