Арсовска го обвини Советот за хаосот во Скопје: Не можам јас да имплементирам нешто за кое утре ќе одам во затвор

Вчерашниот состанок во Владата за надминување на хаосот во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска го нарече политички циркус за покривање на неуспесите на државните политики и добивање политички поени. За несобраното ѓубре во градот, немањето автобуси, неуредените градски површини Арсовска вината ја префрли кај советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје кои две и пол години ја блокираат. Побара да се …

Continue Reading

Николоски-Варнс: Создавање на модерна инфраструктура е приоритет за Македонија и регионот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс. На средбата министерот Николоски ја потенцира одличната соработка меѓу двете земји и ја нагласи стратешката определба на Владата во насока на зајакнување на билатералната соработка со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач. Министерот Николоски информираше за реформските процеси …

Continue Reading

Петровска за престрелките: Лично Мицковски ги одобрува, затоа и одбра да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје

Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор, пишува во објавата на својот фејсбук профил Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана од редовите на СДСМ. „Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира …

Continue Reading

Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба, имало 30 заминувања во пензија, а само едно вработување во последните 3 години, вели Љутков

Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба а тоа покажува дека низ годините наназад каков третман имаме кон културното наследство, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. „Во последните 3 години имало 30 заминувања во пензија а всушност е вработено само едно лице и тоа покажува каков е односот спрема нашата култура, традиција и нашето културно наследство“, …

Continue Reading

Министерот Муцунски ги прими акредитивите од новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија во нашата држава, Узлем Џанел. На средбата министерот Муцунски и посака срдечно добредојде на амбасадорката и успешна дипломатска мисија, изразувајќи задоволство од досегашниот динамичен и континуиран политички дијалог меѓу двете држави, изразувајќи очекување дека и за време на нејзиниот …

Continue Reading

Се испорачуваат учебниците за учебната 2024-2025 година, Јаневска со апел до директорите на училиштата да бидат подготвени за приемот

Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност и ажурност на сите училишни …

Continue Reading

Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособниот Тошковски да си даде оставка, бара СДСМ

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени, се истакнува во соопштението на СДСМ. Граѓаните, според оваа партија се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки, како што оценуваат во СДСМ, стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Сватовите на Гаши со приватни возила биле пропуштени на граница без контрола

Денеска ќе го разоткриеме скандалот со самоволието на коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши, но и јасно ќе ја обзнаниме улогата на МВР во целиот скандал, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Она, како што рече, што досега го знае јавноста, е дека партнерот на Мицкоски, Африм Гаши приватно со цела свита обезбедување бил на свадба во Косово …

Continue Reading

(Видео) Јаревски: Дали бизнис интересот од Блерим Рамадани на Шапка, е причина ДУИ да влијае врз Пајазити да изрече куќен притвор за истиот да избега

Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија? Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ, праша Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа ли Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? …

Continue Reading