Костадиновска-Стојчевска ја објави трансакциската сметка како доказ дека пазарела со свои, а не со народни пари

Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт, реагира поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на обвинувањата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за трошење на народни пари при посета …

Continue Reading

Лефков: Со народни пари Костадиновска-Стојчевска купувала чорапи, хулахопки, плишани мечиња, топки и куфери

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за трошење на народни пари при посета во Лондон. „Денес почнуваме со обелоденување на скандалот “Бисера Антоанета”, серијал на прес конференции низ кои ќе презентираме во каква аздисаност и раскош живеела и министерувала Бисера Костадиновска Стојчевска, пардон Бисера Антоанета министер за култура од СДС. На почеток сакаме …

Continue Reading

Вреди: Го поддржуваме барањето за повисоки казни за случајот „Ласкарци“

Коалицијата Вреди ја поздравува доцната, но неопходна одлука на скопското обвинителство за поднесување жалба против неприфатливо ниската и скандалозна казна изречена за случајот Ласкарци. „Ние силно ја поддржуваме барањето за построги казни за сите други одговорни лица инволвирани во ова трагедија. Овој страшен настан, кој се обиде да се релативизира и минимизира од претходниот режим со корумпираните кадри на ДУИ, …

Continue Reading

Николова: СДСМ ги зголеми платите во обрзованието, а ВМРО-ДПМНЕ ги изневери наставниците

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери наставниците и тие нема да добијат зголемување на платите за 12% во месец септември, изјави денес на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ. „Министерката Весна Јаневска неколку пати соопшти дека Владата не може да обезбеди пари за зголемување на платите на наставниците. Владата со неоправдани и нерационални образложенија избегнува да ја реализира оваа обврска кон просветните работници. …

Continue Reading

Портпаролот на Вреди објави дека неговиот татко е осомничениот за полов напад врз дете

Фари Хисени, портпарол на коалицијата Вреди привремено ќе ги замрзне политичките активности, откако денеска обвинителството поведе постапка против 58-годишен маж од Скопје за други полови дејствија врз малолетник, а потоа тој соопшти дека се работи за неговиот татко.   Обвинителството денес објави случај на полови дејствија од маж кон дете, а потоа на социјалните мрежи Хисеини напиша дека се работи …

Continue Reading

Маричиќ до Левица: Терате лажна пропаганда за мене

„Целосна невистина е пропагандата на Левица дека наводно јас сум продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици“, реагира на социјалните мрежи поранешниот вицепремиер и министер за правда, Бојан Маричиќ. „Еве ги фактите: Јас, ниту како министер за правда, ниту како вицепремиер за европски интеграции никогаш не сум имал надлежности за оттуѓување државно земјиште. Се злоупотребува тоа што јас сум претседавал …

Continue Reading

Јаневска: Нема пари за поголеми поголеми плати за наставниците од септември

Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март. „Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она што сме им го ветиле. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ до Кузеска: Пајазити дозволи да побегне Рамадани, се друго е фолклор за негов спас

Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој дозволи Блерим Рамадани да избега, се друго е фолклор за негов спас во режија на СДС и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Богданка Кузеска дека фунционери на МВР и други институции го пуштиле Блерим Рамадани да побегне.  „Ако Пајазити не го ставеше во куќен притвор Рамадани, тој сега уште ќе беше …

Continue Reading

Функционери на МВР и други институции го пуштија Рамадани да побегне, вели Кузеска

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ е фатена жива во мега скандал со злоупотреба на државната граница, државните институции и серија прекршувања на законите. Се докажа дека не станува збор за бегство на Блерим Рамадани, туку организирано ослободување и пренесување на Косово од страна на високи функционери на МВР и други институции“, изјави денес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа порача дека ОЈО …

Continue Reading