Џафери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“, се обрати на Панелот „Состојбата на терен и идните планови-нов план за раст“. Во своето обраќање, истакна дека независно од тоа што Северна Македонија се наоѓаше во предизборен период, за Владата, евроинтеграцијата беше врвен …

Continue Reading

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде, ускратени сме за најмалку два мандати

„​​​​Донтовиот изборен модел, поделен во шест изборни единици, заедно со неколкукратно спроведуваниот геримандеринг на нивните граници, уште еднаш ги сруши темелите на демократијата и еднаквоста како уставни категории. Ваквиот изборен модел овозможи легална изборна манипулација со гласачкото тело, што се покажува како најголем непријател за гласот на граѓаните и на штета на Левица“, реагираат од оваа партија. Појаснуваат дека согласно …

Continue Reading

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Придобивките од членството во ЕУ, значително ги надминуваат сегашните предизвици, а промоцијата на либералните вредности и демократски стандарди останува врвен приоритет за партијата, рече претседателката на Либерално – демократската партија Моника Зајкова во рамките на панел дискусијата „ЕУ Интеграции – Кој е следниот чекор?“ организирана од Либерален институт – Скопје. Покрај Зајкова говорник на панел дискусијата беше и Бо Мандеруп …

Continue Reading

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од Договорот од Преспа откако опозициската СИРИЗА вчера во парламентот ги достави трите меморандуми, како предлози на закон на официјалната опозиција, но со потполно иста содржина како оние поднесени во септември 2020 година од тогашните министри на Владата на Мицотакис, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија СКАИ. Трите …

Continue Reading

Силјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо. „Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка“, напиша Силјановска Давкова. I was deeply shocked to hear the news …

Continue Reading

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка. – Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

Негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции,па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни …

Continue Reading

Маричиќ од Котор: Нема време за губење во спроведување на обврските на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст. Регионалниот состанок му претходи на Лидерскиот самит на западен Балкан кој ќе се одржи утре, 16 мај 2024. Средбата ја отвори домаќинката на регионалниот состанок, министерката за европски прашања на Црна …

Continue Reading

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Лидерот на десничарско-националистичка партија „Грчко решение“, Кирјакос Велопулос од говорницата во грчкиот парламент искина лист со Договорот од Преспа. „Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална патриотска општествена влада, ова ќе го направеше овде“, нагласи Киријакос Велопулос, пренесува „Репортер.гр“. Тој натаму рече и дека не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една, а тоа е Грција. …

Continue Reading