Гаши-Меидани: во фокусот заедничкиот интерес на двете земји за забрзување на процесите за членство во ЕУ

Претседателот на Собранието Африм Гаши му посака добредојде и успешна работа во Скопје на новоименуваниот амбасадор на Албанија во земјава Денион Меидани. На денешната средба во Собранието, Гаши и Меидани ги истакнаа добрососедските односи и значајната соработка меѓу Северна Македонија и Република Албанија во повеќе области, заложувајќи се за нивно понатамошно надградување. Соговорниците разговараа и за можноста за иницирање договор …

Continue Reading

(Видео) Бисера Антоанета во Ријад и Брисел купила куфер, кошули, поло маици, накит и облека со службени пари, вели Лефков

„Бисера Антоанета трошела пари од службената картичка за приватни работи и на нејзиното патување во Ријад, Саудиска Арабија. Во период од 12.09.2023 до 18.09.2023 година Антоанета е на службен пат во Ријад, Саудиска Арабија, а од 19.09.2023 до 21.09.2023 година е во Брисел, Белгија. За оваа намена таа подига пари во кеш од благајната на министерството 2000 долари и 900 …

Continue Reading

Тошковски апелира: Секој што не ја обновил возачката дозвола нека поднесе барање, сега нема метеж

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово ги повика граѓаните кои не ги замениле возачките дозволи да се појават на пунктовите и да понесат барања да им се издадат дозволи со новото уставно име на државата. Со новото уставно име Тошковски вели дека веќе се издадени 750.000 возачки дозволи. „Потребно е да реиздаде уште некоја бројка до милион возачки дозволи …

Continue Reading

Владата: Преку МОН за прв пат по 7 години се обезбеди навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

„Суштинска определба на Владата е образованието да биде достапно за секого. Една од заложбите беше по повеќе години да се обезбеди навремено печатење и дистрибуција на бесплатни учебници за сите основци. Оваа година се става крај на учењето од скрипти и други помагала“, се наведува во соопштението на Владата. „Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани …

Continue Reading

Македонски концепт го охрабрува Уставниот суд да носи правни, а не политички одлуки

Македонски Концепт ја оценува за позитивна иницијативата на претседателот на Уставен Суд, Дарко Костадиновски, да започне да донесува правни, а не политички одлуки. Иако се сомневаме во капацитетите на овој состав на судот, сепак изјавата е нешто ново во македонското судство и малку дава надеж кон враќање на довербата во истото, велат од Македонски концепт. „Ако останеме сега глуви и …

Continue Reading

Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање

Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата. Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата и „4iG“ Групацијата ги истакнува можностите за влез „4iG“ Групацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија …

Continue Reading

Вработени во УЈП, кои добиле повисоки плати од февруари, треба да враќаат пари оти незаконски биле унапредени, Петрова ќе ги поништи одлуките на Лукаревска

Новата директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, денес извести дека во институцијата има кризна состојба оти претходната директорка Сања Лукаревска незаконски донела одлуки и акти поради кои сега имаат хаос во организирањето на работата. Неправилностите веќе ги констаирале Државната комсија за спречување корупција и Државниот инспекторат за труд. „Во моментот јас сум соочена и треба да извршам …

Continue Reading

Тошковски на средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција: Ги разгледуваме можностите за соработка со турските компании

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун. На средбата присуствуваа и високи претставници на компании од одбранбената индустрија на Турција. На средбата, турската делегација ги претстави капацитетите и можностите што ги нуди турската одбранбена индустрија како лидер во регионот, во насока на опремување и зголемување на …

Continue Reading

„Откако родителите набавија школски прибор, Мицкоски ќе ги замрзувал цените на моливите“, реагира СДСМ

„Мицкоски со денешната изјава дека на утрешната седница на Владата ќе се разгледувала можност за замрзување на цените на школските прибори, потврди дека е целосно одлепен од реалноста и си поигрува со граѓаните. Дали Мицкоски знае дека е почната школската година и дека родителите веќе ги набавија сите потребни материјали и прибор за своите деца“, реагира СДСМ на изјавата на …

Continue Reading