„Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Не поминувало патување на Бисера Антоанета, а таа со народни пари да не си купи нешто за лични потреби. Куфер купувала, како што самата кажа на патувањето во Лондон, бидејќи според нејзини зборови и бил загубен багажот од авио компанијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но, фактите говорат друго. И на патувањето во Ријад и Брисел пак купила куфер. Секако Бисера Антоанета …

Continue Reading

Муцунски учествуваше на Бледскиот стратешки форум, се заблагодари за досегашната силна поддршка на Словенија во евроинтегративниот процес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера и денес присуствуваше на Бледскиот стратешки форум кој се одржа во Република Словенија. Во рамките на форумот, Муцунски учествуваше на панелот на тема: „Европа целосна и слободна: Возобновена заложба за европската безбедност“, каде што ја нагласи важноста на проширувањето на ЕУ како најуспешна надворешна политика на Унијата. Тој истакна дека …

Continue Reading

Meџити: Со 34,5 милиони евра ќе се гради кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“

Одлука за инвестиција во вредност од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје е донесена денеска на седница на Владата. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција попладнево информираше дека кампусот ќе има амфитеатар, канцеларии за академски дел, спортска сала, базен, менза. Ќе биде модерен комплекс со …

Continue Reading

Деспотовски: Германската инвестиција не е на ниту една партија, туку на сите граѓани на Македонија

„Внимателно ја следам дискусијата и изјавите во јавноста поврзани со новата германска инвестиција во Македонија. Две работи за денес: прво, инвестицијата не е ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ туку на сите граѓани на Македонија.“, вели Деспотовски, и додава: „Второ, во однос на соопштението кое е напишано од моменталната раководна структура на СДСМ. Не може да се бориме со …

Continue Reading

Цветков: Ако не гласаат ЗА интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги погази сите ветувања за одговорност

Пратеникот на СДСМ Борче Цветков од говорницата на денешната собраниска седница истакна дека пратениците на СДСМ и колаицијата ќе гласаат за интерпелацијата на собраниискиот спикер Арфим Гаши, од едноставна причина што сегашната власт пред избори ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност, доколку работи спротивно на правилата и законите. -За само два месеци се случија …

Continue Reading

Ивица Боцевски ќе биде специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија

Владата денеска ја одржа 17тата седницаm и ги донесе следните кадровски решенија: Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем. Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – …

Continue Reading

(Видео) Бочварски: Со штитењето на Гаши паднаа во вода ветувањата на ВМРО ДПМНЕ дека никој нема да биде над законот

За само два месеци, се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а никој не одговара. Со штитењето на Африм Гаши, паднаа во вода ветувањата на ВМРО ДПМНЕ дека никој нема да биде над законот, рече пратеникот на СДСМ Благој Бочварски, на денешната собраниската седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Првиот тежок безбедносен инцидент, се случи …

Continue Reading

Мисајловски на 25-годишнината на SEEBRIG: Соочувајќи се со најразлични безбедносни предизвици имаме мотив да ги јакнеме одбранбените капацитети

Денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово се одржа свеченост по повод одбележување на 25 – годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, еден од најзначајните проекти на Иницијативата за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа – SEDM. На свеченоста се обрати министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој изрази благодарност до Командантот SEEBRIG и до …

Continue Reading

СДСМ: Брука, германската инвестиција беше целосно договорена и потпишана од Битиќи

Според СДСМ, стануваат смешни и очајни обидите на Христијан Мицкоски да се накити со туѓи перја за секоја инвестција која е договрена од СДСМ. Германската компанија, односно инвестицијаta за производство на литиумски батерии како што појаснуваат од оваа партија, беше договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи. „Потпишувањето на овој значаен договор се …

Continue Reading