(Видео) Јанчев од Левица: Носење на системски закон по скратена постапка е надвор од памет
Законот за организација и работа на органите на државната управа, претставува системски закон и преку овие измени, се менува организацијата и работата на Владата и министерствата, чија работа има директно влијание врз милиони судбини, велат од Левица. Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, побара тргање од Дневниот ред на точката преку која мнозинството се обидува да прошверцува системски закон. – Прво, …
Continue Reading
Централната комисија потврди 4 кандидатури за претседател на СДСМ
Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, извести партијата. „Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски: Измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа се со цел да го исполниме ветеното на изборите
Пред изборите кои поминаа ветивме функционална и ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе донесе подобар живот. Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие. …
Continue Reading
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин. На средбата беа разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи, за перспективите за продлабочување на развојната соработка, како и за македонскиот евроинтегративен процес, напредокот во реформите и исполнување на копенхагенските критериуми. Двете соговорнички ги поздравија традиционално добрите политички односи меѓу двете земји, при што претседателката …
Continue Reading
Гаши се сретна со бугарскиот амбасадор: Потребно е постојано да се унапредуваат односите
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која се разговараше за односите меѓу двете земји и за можностите за унапредување на соработката на сите полиња. Честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Гаши, амбасадорот Ангелов се осврна на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот …
Continue Reading
Мицкоски: Ајде да видиме што Грција направи овие години, нема да бидеме подлизурковци и да се понижуваме самите
Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот устав и тука нема никаква дилема. Секој кој е дел од институциите треба да ги почитува. Како човек кој што ќе ја предводи владата, сум обврзан да ги почитувам законите и уставот, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов мандатар, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали стравува од влошување на односите со …
Continue Reading
Мицкоски му порача на Гаши да се извини ако кажал дека неговата татковина е Косово: Од тука зема плата и го избраа нашите граѓани
Прашан како ја коментира изјавата на новиот собраниски спикер, Африм Гаши, кој во својата изјава вели дека неговата татковина е Косово, Ииниот мандатар и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговори дека ја нема слушнато изјавата, но кажа дека од Гаши лично слушнал дека нивна заедничка татковина е Македонија. Сепак, како што рече Мицкоски, доколку имало таква изјава, тогаш Гаши …
Continue Reading
Мицкоски по добивањето на мандатот: Со новата реформска влада ќе нема граѓани од прв и втор ред
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во претседателската вила го доби мандатот за состав на новата Влада и им се заблагодари на граѓаните кои дадоа легитимитет на изборниот процес. „Набргу ќе биде составена новата реформска влада, која ќе ги движи процесите напред. Граѓаните да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред. Да ги раздвижиме работите во …
Continue Reading
Сиљановска Давкова го додели мандатот за состав на нова влада: Мицкоски има рок од дваесет дена за да ја формира
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Според Уставот, односно според членот 84, став 1, алинеја 1, една од надлежностите на претседателот е доделување на мандат за состав на влада. Согласно членот 90, став 1, алинеја 1, мандатот задолжително се доделува во период по истекот на десет …
Continue Reading