СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

„После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и најавите кои ги слушаме од МНР и Тимчо Муцунски. За понижувањето на државата и големиот срам кој го приредија Силјановска и министрите на Мицкоски во Бугарија се криви самите тие, а сега се обидуваат да ја поправат штетата со што уште повеќе се заплеткуваат во скандалот“, велат од СДСМ. „Силјановска …

Continue Reading

По примерот на Филипче кој местеше тендери, работеле и останатите од СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и ДУИ и во здравството гледале само бизнис. Од оваа партија велат дека за криминалните тендери на Венко Филипче јавноста е запознаена, но не само тој на централно ниво, туку така се однесувале лицата од СДС и ДУИ и по поединечни јавни здравствени установи. „Контролите спроведени од надлежни институции во јавните здравствени установи покажуваат огромен број на …

Continue Reading

Oд денеска девет нови лекови на позитивната листа, според Владата ова проширување на позитивната листа е само почеток

За само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови. По една деценија, од денеска граѓаните ќе можат да ги земаат новите лекови на позитивната листа од аптеките, посочуваат од Владата. „На листата се додадоа девет нови генерици, односно 87 лекови во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен …

Continue Reading

Oпштина Аеродром реагира: Ги унапредуваме условите во училиштата за разлика од времето со СДСМ кога децата немаа учебници

  Остро ги отфрламе обвинувањата од СДСМ за тоа дека изминатите години не сме придонеле ништо за модернизација на нашите училишта, затоа што реалноста е сосема различна од нивните тврдења, реагира Општина Аеродром на обвинувањата што претходно денес ги изнесе СДСМ. Општината нагласува дека додека СДСМ беа на власт, учениците не добиваа ниту учебници, што се основни средства за изведување …

Continue Reading

ДУИ: Неспособноста на губитниците од Вреди ја прекина постапката за двојазични сообраќајни табли

Јавното претпријатие за државни патишта ги стопираше постапките за проектот на претходното раководство кој имаше за цел промена на сите сообраќајни знаци на автопатиштата, согласно законот за употреба на албанскиот јазик, велат од ДУИ преку допис до медиумите. Оценуваат дека се работи за чекор без преседан и штетен за спроведувањето на законот кој гарантира јазична еднаквост. „И покрај тоа што …

Continue Reading

За ВМРО-ДПМНЕ однесувањето на СДСМ е лицемерно: Продадоа сè што можеше да се продаде, а сега критикуват

Социјалдемократскиот сојуз треба да престане да манипулира со јавноста и да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прес-конференција на Боданка Кузеска од СДСМ на тема посетата на претседателката Сиљановска во Софија и знамињата на средбата со нејизниот колега Румен Радев. Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека не е …

Continue Reading

„Вреди“: Фирмата фамилијарно поврзана со пратеникот од ДУИ добила четири тендери

Коалицијата „Вреди“ изнесе нови обвинувања откако вчера објави информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби. Бујаре Абази од „Вреди“ на денешната прес-конференција истакна дека истата фирма, чијшто сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: И Унгарија потврди дека парите за кредитот се кинески

Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела една милијарда евра кинески пари од Кинеската банка за развој. Податоците се јавно достапни на нивната интернет страница, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одговарајќи на новинарски прашања. „По пишувањето на реномирани светски медиуми ова е уште една, официјална потврда дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари. …

Continue Reading

Кузеска: Бугарија избришa под со државата и македонските граѓани

Секојдневно ВМРО-ДПМНЕ ги поткопува стабилните меѓународни позиции што ги изгради СДСМ. По посетата на претседателката Гордана Сиљановска и министрите на Мицкоски во Софија, сите граѓани без разлика на партиска припадност се понижени и засрамени, истакна на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, вчерашната реакција на кабинетот на Сиљановска потврдува дека Владата и претседателот на оваа држава ги лажат …

Continue Reading