Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми, наместо домашните. Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа Влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Собранието на која се расправа за Предлог …

Continue Reading

Муцунски на средба со Алелер ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.  Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната …

Continue Reading

Петрушевски: По дебаклот на изборите, СДС не знае кај тера, парите од заемот ќе се инвестираат кај граѓаните и македонската економија

Очигледно е дека после дебаклот на последните избори, СДСМ тотално го загуби правецот на делување и тоа се гледа во последните нивни политики, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собранискита говорници каде што се дискутира за законското решение за заемот од 500 милиони евра од унгарската влада. Петрушевски истакна дека е срамота за еден поранешен вицепремиер за економски прашања, …

Continue Reading

Стојаноски: Заемот од Унгарија ќе биде искористен за инфраструктурни проекти во општините од 250 милиони евра и 250 милиони евра за евтини кредити кон стопанството

„Очекував да се пријави за збор Венко Филипче бидејќи тој ја држеше прес-конференцијата и да ги каже сите детали кои што ги соопшти на прес-конференцијата но никогаш не дошол да дискутира во Собранието и тоа бегање приличи на вашето однесување. Останува да се демантираат неколку теми и да се објасни која е реалната суштина за која овој заем ќе служи. …

Continue Reading

Гаши за Меѓународниот ден на демократијата: Собранието е вистинската адреса за јакнење на демократската култура

По повод Меѓународниот ден на демократијата, да испратиме пораки за наша посветеност за негување на демократските вредности, како што се човековите права, слободни и праведни избори, еднаквост пред законот, уставни ограничувања на власта, општествен, економски и политички плурализам, толеранција, соработка и компромис, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши. Тука сме, рече тој, да испратиме порака за поддршка на различностите, за …

Continue Reading

„СДС денеска со своето соопштение се нокаутира“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС денеска со своето соопштение се нокаутира. Сакаме да ги потсетиме од СДС дека во самата нивна Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година имаат нотирано дека заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022 и 2023 година се во износ од 3.349.462.340,00 денари“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Сето …

Continue Reading

Министерот Андоновски на состанокот на Работната група за критична инфраструктура: Се стремиме кон отпорна дигитална иднина за Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше воведно обраќање на осумнаесеттиот состанок на Работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура (CICWG). Овој состанок е дел од Програмата за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура (CIDR), иницијатива поддржана од УСАИД, фокусирана на зајакнување на сајбер безбедноста во клучните сектори како енергетика, телекомуникации и финансии. „Во ера на забрзана дигитализација …

Continue Reading

Муцунски-Лосон: потпишан меморандум за реализација на втората фаза на проектот за активностите кои произлегуваат од членството во НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализација на втората фаза на проектот за ефикасна меѓуресорска координација на активностите кои произлегуваат од членството во НАТО. “Со денешното потпишување на меморандумот ја продолжуваме значајната соработка со Обединетото Кралство, со цел дополнително зајакнување на нашето сојузништво. Исто …

Continue Reading

(Видео) Митева: На МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Денеска и утре ќе објавиме зошто енергетскиот сектор во Македонија е на дното и како и на кој начин се трошеле државните пари секаде каде што не било неопходно. Пред да започнеме со деталите, да ја потсетиме јавноста само на последниот скандал – 14 милиони евра долг отпиша претходното раководство на МЕПСО, вели Марија Митева, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. „14 милиони …

Continue Reading