ДУИ: Влен не може да се крие зад реакција на Фејсбук, молкот за величењето на геноцидот е соодговорност

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го обвини Влен дека со учеството во Владата и политичкото партнерство со партии и функционери кои, според нив, го величаат Ратко Младиќ, носи политичка одговорност за нивните ставови. Од ДУИ велат дека Младиќ не може да биде предмет на релативизирање или поинаква историска интерпретација, посочувајќи дека тој е осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства …

Continue Reading

Левица: ДПМНЕ и СДСМ ги претворија младите во вечни кираџии и банкарски должници

Сè повеќе граѓани се задолжуваат за да си купат сопствен стан. Само во јуни, станбеното кредитирање во Македонија пораснало за 16,6% на годишно ниво, што е дури 3,5 процентни поени повеќе од растот во Хрватска. Зад овие бројки не треба да гледаме само „раст на кредитирањето“, туку реалност во која сè повеќе луѓе мора да влегуваат во долгови за да …

Continue Reading

Алијанса: 139 деца примени за 48 часа во Тетово, 12 хоспитализирани – „Каде се сега министрите?“

За само 48 часа, 139 деца биле примени на Одделот за педијатрија во Тетово. Од нив, 12 се хоспитализирани. Покачена температура, повраќање и дијареја. Каде се денес предупредувањата? Каде се прес-конференциите? Каде се министрите, директорите и сите оние кои во Гостивар секој преглед и секое јавување ги броеја како аргумент за создавање јавна паника, прашуваат од Алијанса за Албанците. „Во …

Continue Reading

ЛДП бара одговорност од Владата: „Нема молк кога се величаат осудени за геноцид“

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува секоја форма на величење и глорификација на Ратко Младиќ – правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства. „Ова не е прашање на политички став, национална припадност или различно толкување на историјата. За геноцидот нема „друга страна на приказната“ кога фактите се утврдени со правосилни пресуди на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ се пофали: Платите за 23 месеци пораснаа за над 8.600 денари

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо, што директно придонесува за подобрување на животниот стандард и за поголема економска сигурност на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ако направиме директна споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ, разликата е очигледна. Кога СДС дојде …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски договорил дата-центри „под радарот“, граѓаните не знаат со кого прави дилови

Мицкоски изјави дека не се откажува од дата-центрите, споменува пет-шест инвеститори и најавува нивна реализација. Тоа значи дека Мицкоски веќе договорил дата-центри „под радарот“, велат од опозициската СДСМ. „Само кога граѓаните на Македонија би знаеле со кого? На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата? Се прават дилови за профити, додека се крие од јавноста. Мицкоски договорил и …

Continue Reading

ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВЛЕН во „Бардовци“

Скандалот во Психијатриската болница „Бардовци“ се продлабочува. Компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, поврзана со братучедот на директорот Иса Авдулаи, добила дури пет тендери од болницата откако тој ја презеде функцијата директор на институцијата, изјави Арта Билали Зендели од ДУИ. Таа вели дека првиот тендер, кој бил потпишан на 15 октомври 2024 година, само три месеци откако Авдулаи бил именуван за …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника

СДС на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов – ширење паника и хистерија меѓу граѓаните. Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси, изјавиМиле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека Филипче и СДС треба да знаат дека едно …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Бараме да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија

СДСМ во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис кои предупредија за случувањата со законските сомнежи за влегувањето на српската медиумска машинерија и побараа институциите да постапат, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Мора да се истражи во целост и да се утврди одговорност. Она што се случува е потврдува на сè она за …

Continue Reading