(Видео) Филипче помеѓу земјоделиците: Зголемени трошоци, намалени субвенции, ниски откупни цени, откуп нема

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Карбинци обвини дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми и оцени дека состојбата во секторот е најлоша во последните три децении. По средбите со земјоделци од различни гранки, Филипче изјави дека производителите се соочуваат со зголемени трошоци за производство, доцнење на субвенциите, ниски откупни цени и недостиг на организиран откуп. Според него, цените …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) Младеновска: Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов пристап – плати што го следат животот, економија што работи за луѓето

„Македонската економија се распаѓа, граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари“ – ова денеска на прес-конференција го изјави Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, државниот Буџет е веќе испразнет на средина од годината, при што планираниот годишен дефицит е пробиен за над 18 милиони евра. „Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра …

Continue Reading

(Видео) Димитриевски: Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците

„Додека Мицкоски го штити Трипуновски, сточарите се во тешка криза“ – ова денеска на прес-конференција го изјави Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ. Според опозициската партија, македонското сточарство буквално се распаѓа поради намалениот откуп и понижувачките ниски откупни цени кои изнесуваат едвај дваесетина денари за литар млеко. Димитриевски вели дека наспроти ниските откупни цени за производителите, цените на …

Continue Reading

Филипче: Историските спорови со Бугарија не се дел од европските услови, туку билатерални прашања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека неодамнешните изјави на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите што СДСМ ги застапува подолг период. Во објава на социјалната мрежа Икс, Филипче посочи дека историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската Унија, туку претставуваат билатерално прашање меѓу двете држави. …

Continue Reading

(Видео) Костадиновска-Стојчевска: СДСМ предлага воведување на државните награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди, информира на прес-конференција Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка на СДСМ. Овој закон, како што рече, предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“. „Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена …

Continue Reading

(Видео) Жерновски: Пари нема, резултати нема, затоа Мицкоски брза на избори

Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше, кажа Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка на СДСМ на денешната прес-конференција. „Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага. Опозицијата нема да му биде алиби на …

Continue Reading

(Видео) Наумоски: До вистинска правда преку нов закон, ветинг за функционери и конфискација на нелегален имот

„Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа што систем нема. Затоа борбата против …

Continue Reading

ДУИ: 𝟥,𝟧 милиони евра тендери за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

„Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир. Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот …

Continue Reading

„Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото“, велат од СДСМ

„Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија“, велат од …

Continue Reading