(Видео) Сред лето не работат хируршките сали, власта го става во ризик здравјето на граѓаните, вели Младеновска

За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за …

Continue Reading

Театарот е ист, глумците се исти, во тендер-коалицијата ништо не се менува: СДСМ за владината рекострукција

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе, оценуваат од СДСМ. Според нив, замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. По две години владеење, потсетуваат од партијата, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски …

Continue Reading

Мицкоски и неговите „успеси“ кога пропагандата се судира со реалноста, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“. Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги, велат од СДСМ. „Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда. Прво, Европскиот парламент во јунскиот извештај за 2026 година не ја става Македонија меѓу најдобрите во регионот. Напротив – изразува жалост поради …

Continue Reading

(Видео) Крмов: Коалицијата повторно проработи, ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, на денешната пленарна седница реагираше на начинот на кој се носи Изборен законик, обвинувајќи дека јавноста е доведена во заблуда со тврдењата дека за текстот бил постигнат широк политички консензус. Крмов истакна дека седницата е свикана спротивно на Деловникот на Собранието, кој предвидува пратениците да ги добијат материјалите најмалку десет работни дена …

Continue Reading

Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, велат од СДСМ

Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече, реагираат од СДСМ откако Милошоски на прес-конференција кажа дека Филипче уште сега создава алиби за како што рече, дебаклот што ќе го доживее на следните избори. „Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто …

Continue Reading

Филипче: Реконструкцијата е замена на Курто со Мурто

Престедателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена ниту пак каков било бенефит за граѓаните. Филипче посочи дека станува збор за формална замена на имиња, без промена на политиките што изминатите две години доведоа до осиромашување, изолација и влошување на квалитетот на живот. „Замената на луѓе во ресорите, …

Continue Reading

(Видео) Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака …

Continue Reading

(Видео) Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик ако остане политичката дискриминација во него

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, …

Continue Reading

СДСМ: Владата ја загрозува исплатата на пензиите и вториот пензиски столб

СДСМ обвини дека Владата го довела во ризик пензискиот систем и ја загрозува исплатата на пензиите, како и функционирањето на вториот пензиски столб. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека дупката во ПИОМ достигнала речиси 40 проценти, што, според неа, е показател дека Владата нема решение за долгорочна стабилност на пензискиот систем. „Изјавата на гувернерот …

Continue Reading