Мицкоски направи 2,5 милијарди евра нов долг, Кочоска да каже колкави се скриените долгови, бара СДСМ

Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што оценуваат, е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Мицкоски сака изборен грабеж, нема да дозволиме 200.000 гласови да останат без контрола

По насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж, изјави Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Сака, како што рече, шверцерски да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. „Додека секој граѓанин …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Аларм на Онкологија, поплава со фекалии и страв од радијација, кој ќе понесе одговорност

Од СДСМ алармираат како што истакнуваат за исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје, според портпаролката на оваа партија Богданка Кузеска, поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод. „Не станува збор за …

Continue Reading

Мицкоски ги смени сопствените црвени линии и контратежа, сѐ со цел Левица да остане лишена од фер третман во изборниот процес, велат од оваа партија

На 29 мај 2025 година, Мицкоски јавно, на седница за пратенички прашања, понуди консензус за една изборна единица, со можност дијаспората да гласа преку избирачки места и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Тој тогаш уверуваше дека ДПМНЕ веднаш ќе го поддржи таквиот закон, потсетуваат од Левица. Само една година подоцна, од тој предлог, како што велат, не остана ништо. „Во актуелниот …

Continue Reading

Бруталното врсничко насилство во Аеродром бара итна одговорност и реакција на институциите, порачуваат од СДСМ

СДСМ Аеродром најостро го осудува бруталното врсничко насилство врз малолетно девојче во Аеродром. Сцените на тепање, понижување и снимање на насилството од страна на други малолетници се срам за општеството и доказ дека институциите сериозно потфрлаат во заштитата на децата, реагираат од оваа партија. Го повикуваат Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста …

Continue Reading

Филипче: Ќе го номинирам Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека ќе го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. „Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден …

Continue Reading

„Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови“, велат од СДСМ

„По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го блокираме Изборниот законик во ваква форма

СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е …

Continue Reading