Дата-центарот во Пехчево е сопрен, ДПМНЕ нека не се обидува повторно да го протне и да ги лаже граѓаните, велат од Левица

Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево. Притисокот вроди со плод, велат од партијата. „Градоначалникот Александар Китански беше видно вознемирен што Левица, иако нема советник во Пехчево, дознала што се …

Continue Reading

(Видео) Жерновски: Aлиби на Мицкоски за избори спремаат руски и српски служби

Aлиби на Мицкоски за избори спремаат руски и српски служби – Ново сценарио за етнички тензии, изјави Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Мицкоски очајно бара алиби за избори. Внимавајте, самиот кажува дека не сака предвремени избори, но истовремено моли да му биде фрлена ракавица или веројатно поточен е изразот да му биде …

Continue Reading

ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје- Блаце е почнат во 2022 година

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба на автопатот Скопје- Блаце не е проект создаден од актуелната власт, туку проект за кој во времето на владеењето на ДУИ биле преземени конкретни чекори во однос на проектирањето, обезбедувањето финансиски средства и тендерските постапки, велат од Демократската унија за интеграција. „На 27 јуни 2022 година, Собранието го усвои Законот за гаранција на …

Continue Reading

Македонија неподготвена за нов ценовен шок, наместо да се зајакне домашното производство, Владата чека повторно храната сериозно да поскапи, предупредуваат од Левица

Според Левица, Владата на ДПМНЕ повторно ќе ги остави граѓаните со најмизерни плати во Европа сами да се справуваат со последиците од неспособноста на власта. Од партијата оценуваат дека нов ценовен бран на храната се приближува кон Македонија, а државата повторно нема стратегија како да го заштити стандардот на граѓаните. Предушредуваат дека светските цени на храната повторно растат, а првите …

Continue Reading

ЛДП: Со пари на народот го направија скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници, наместо да градат отворен пазар со долгорочни пониски цени на авиобилетите, тие финансираат тотален монопол во кој една унгарска приватна нискобуџетна компанија контролира над 60 проценти од пазарот, …

Continue Reading

Шест недели нема објавен извештај за водата во Гостивар, велат од СДСМ

Поминаа шест недели а документ, извештај, анализа за водата во Гостивар нема, истакнуваат од опозициската СДСМ. „Поминаа 10 дена откако Мицкоски се врати од образовано-научна екскурзија и откако рече дека „инсистира да се објави изшвештајот„. Ништо. Нема извештај, нема анализа на водата, нема кој утврдил и потпишал дека водата е безбедна за пиење. Се е лага и пропаганда“. Според СДСМ, …

Continue Reading

Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има, велат од ДОМ

ДОМ бара да се стопира нетранспарентната постапка за дата-центарот во пресрет на утрешното гласање на советот во Пехчево. „Недозволиво е за проект со потенцијално сериозно влијание врз водата, енергијата, природата и локалната заедница да се одлучува зад затворени врати, без доволно информации, јасни анализи и вклученост на експертите граѓаните. Како што истакнавме во неколку наврати, дигиталниот развој не смее да …

Continue Reading

ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево, велат од Левица

Утре Советот на Општина Пехчево ќе гласа за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево. За ваков објект, кој потенцијално може да биде огромен потрошувач на електрична енергија и вода, јавноста не знае речиси ништо: нема објавен инвеститор, нема податок за потрошувачката на струја, нема податок за потрошувачката на вода, нема информација за потребната инфраструктура, нема анализа …

Continue Reading

„Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски“, велат од СДСМ

„Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспорто, услугите. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија“, велат од СДСМ. „Со дизел над 100 денари …

Continue Reading