(Видео) „Штип вчера остана без вода – бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов“, кажа Стојчевски

„Вчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени. Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов. Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не“, кажа Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „Штипските …

Continue Reading

„На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август“, прашува ЛДП

„По серијалот на контрадиктрони изјави на премиерот“, Либерално-демократската партија прашува: на кој Христијан Мицкоски треба да му веруваат граѓаните? „Дали на оној Премиер кој во април јавно призна дека на неговиот сопствен вицепремиер Арбен Фетаи повеќе не му се работи во Владата и не му се живее во Македонија, па му овозможи на државна сметка и плата да замине за …

Continue Reading

„Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема“, велат од СДСМ

„Цените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари“, велат од СДСМ. „Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита …

Continue Reading

Штерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за величењето на Младиќ, што е следно?

Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ, вели Кети Штерјова од СДСМ. „Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко …

Continue Reading

ДУИ тврди дека 105 Албанци аплицирале во средното полициско училиште, но не биле примени

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува дека тврдењата оти немало интерес кај Албанците за упис во средното полициско училиште не соодветствуваат со податоците и листите на кандидати. Од партијата велат дека 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите за прием, но сепак не биле примени. ДУИ реагира на изјавите на заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, кој, според партијата, …

Continue Reading

ДУИ: Влен не може да се крие зад реакција на Фејсбук, молкот за величењето на геноцидот е соодговорност

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го обвини Влен дека со учеството во Владата и политичкото партнерство со партии и функционери кои, според нив, го величаат Ратко Младиќ, носи политичка одговорност за нивните ставови. Од ДУИ велат дека Младиќ не може да биде предмет на релативизирање или поинаква историска интерпретација, посочувајќи дека тој е осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства …

Continue Reading

Левица: ДПМНЕ и СДСМ ги претворија младите во вечни кираџии и банкарски должници

Сè повеќе граѓани се задолжуваат за да си купат сопствен стан. Само во јуни, станбеното кредитирање во Македонија пораснало за 16,6% на годишно ниво, што е дури 3,5 процентни поени повеќе од растот во Хрватска. Зад овие бројки не треба да гледаме само „раст на кредитирањето“, туку реалност во која сè повеќе луѓе мора да влегуваат во долгови за да …

Continue Reading

Алијанса: 139 деца примени за 48 часа во Тетово, 12 хоспитализирани – „Каде се сега министрите?“

За само 48 часа, 139 деца биле примени на Одделот за педијатрија во Тетово. Од нив, 12 се хоспитализирани. Покачена температура, повраќање и дијареја. Каде се денес предупредувањата? Каде се прес-конференциите? Каде се министрите, директорите и сите оние кои во Гостивар секој преглед и секое јавување ги броеја како аргумент за создавање јавна паника, прашуваат од Алијанса за Албанците. „Во …

Continue Reading

ЛДП бара одговорност од Владата: „Нема молк кога се величаат осудени за геноцид“

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува секоја форма на величење и глорификација на Ратко Младиќ – правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства. „Ова не е прашање на политички став, национална припадност или различно толкување на историјата. За геноцидот нема „друга страна на приказната“ кога фактите се утврдени со правосилни пресуди на …

Continue Reading