„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи. На 6 февруари прва вест во медиумите беше заминување на Леонид Индов во Австрија. Се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со …

Continue Reading

„СДС да го поддржи предлог законот за продолжување на важноста на пасошите“, повика ВМРО-ДПМНЕ

„СДС да го поддржи предлогот законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите, народот не смее да биде заробен со месеци. Над милион наши сограѓани немаат пасош, и тие се заробени и им е ограничено движењето, главен виновник за тоа е СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Спасовски и Ковачевски знаеја дека ќе дојде до крах на системот и направија две …

Continue Reading

Мицкоски вети дека автопатот Кичево-Охрид ќе се заврши за две години ако дојде на власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта. Mицкоски на денешната дебата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која што се одржа во Другово, општина Кичево, рече дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу поразлично, од она што …

Continue Reading

Ковачки: Новиот министер во МВР покажа дека нема привилегирани

Има разлика, Спасовски забошотуваше инциденти, а новиот министер покажа дека нема привилегирани, вели пратеникот, Драган Ковачки, во врска со инцидентот што го потврди МВР дека припадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски натепал полицаец пред скопски локал. „За разлика од времето на Оливер Спасовски и СДС, кога директно од министерот се забошотуваа инцидентите во кои полициски службеници беа малтретирани и исфрлани …

Continue Reading

Тошковски: За случајот со нападот врз полицаец известен е јавен обвинител

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, го осуди инцидентот во кој синоќа во угостителски објект беше нападнат полициски службеник при извршување на своите работни активности, од страна на припадник на обезбедувањето на Мицкоски. „Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ ќе го острани обезбедувачот на Мицкоски кој нападна полицаец во скопски локал

Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено декаприпадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски учествувал во инцидент во скопски локал синоќа, пришто нападнат бил полицаец. „Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од …

Continue Reading

Делегацијата во Минхен раштиман оркестар, не може да присуствуваат и претседател и премиер, вели Милошоски

Деновиве вниманието го привлече безбедносната конференција во Минхен. Главни теми Руската агресија против Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на расштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација, вели пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски. „Според дипломатските правила, една држава …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сомнежи дека недостатокот на обрасци е намерно направен за „да го сопнат“ техничкиот министер

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за …

Continue Reading

(Видео) Николов: Нема грижа за онколошките пациенти ниту по скандалот со Oнкологија

Помина речиси половина година од објавата на скандалот на Онкологија и речиси една година од објавата на ревизорскиот извештај за оваа Клиника кој јасно и недвосмислено укажа за низа неправилности, вели претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов. Нема систем кој за пациентите ќе овозможи континуирана терапија, следливост на терапијата, нема ништо од ветувањето за децентрализација на областа …

Continue Reading