Николоски: Пендаровски и Ковачевски се фатени во лага, колку чини, кој ќе го плаќа и зошто договорот за ангажман на Асаф Исеини не е евидентиран од СДС?

Изминативе денови Стево Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и кажа дека тоа го направил како состанок со лице ангажирано од страна на СДСМ. Во исто време претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски демантира дека има таква работа. Но, фактите го говорат токму спротивното. Имено во последните дваесеттина дена повеќе од 10 дена ова лице Асаф Исеин е присутно …

Continue Reading

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

„Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата. Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата.“, стои во соопштението од техничкиот министер за внатрешни …

Continue Reading

На Пендаровски не му преостана ништо друго освен да сее магла, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пендаровски на дело го покажа своето лицемерие. Соочен со тоа дека има зад себе мандат кој ќе остане запомнат по неговата конфузност, катастрофални изјави, и себедемантирање, тој посегнува по ниските лаги во предизборието“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Можеби скапите странски стратези го советувале дека треба да игра на картата на поделби, на етикетирања и претставување на работите црно или бело, но …

Continue Reading

Освен со лични карти со старото име, во Црна гора да се влегува и со старите патни исправи, побара Тошковски

Денеска и утре во Крањ, Република Словенија делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува на министерска конференција во рамки на Брдо процесот. На првиот ден министерот Тошковски оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, г. Данило Шарановиќ на која се разговараше за соработката меѓу двете министерства и можноста за нејзино продлабучување. На средбата …

Continue Reading

Велковски: 150 лица престојуваат во Домот за стари лица Сју Рајдер Битола, а има само 7 медицински лица

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска ги посети Центарот за социјална работа Битола каде се разговараше за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Велковски го посети и Домот за згрижување на стари лица Сју Рајдер од Битола во кој во моментов престојуваат 150 лица за кои се грижат само 7 медицински лица. „Алармантна …

Continue Reading

Николовска: Власта спротивно на закон прими 130 слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители пред избори

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава односно приговор до државната комисија за спречување на корупција заради прекршување на Изборниот законик, а сторени од страна на Академијата за судии и јавни обвинители. Имено согласно член 8а од Изборниот законик како и согласно одредбите од законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предвидено е дека од денот на донесување на одлука за распишување …

Continue Reading

(Видео) „Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин, колку чини неговиот ангажман и од која сметка се плаќа“, праша Николоски

„Стево Пендаровски вчера призна дека користи консултантски услуги од контроверзниот консултант Асаф Исеин. Стево Пендаровски вчера призна дека Асаф Исеин дава консултантски услуги на Стево Пендаровски. Прашањето е дали тие консултантски услуги е само во делот на стратегии или можеби влегуваат и во изборни активности кои што се работ на законот“, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Исто така Стево …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Како „попче“ потпиша се, ставот на Пендаровски за законите за изградба на коридорите, му траеше додека не му испорачаа нов од ДУИ и СДС

Стево Пендаровски едно зборуваше, а друго правеше цел мандат. На граѓаните им ветуваше дека постапката за изградба на коридорите ќе биде транспарентна и ќе овозможи вклученост на невладини организации во преговорите, а згора на се договорот ќе се даде на увид на јавноста. Реалноста беше тотално спротивна. Артан Груби го водеше процесот, ниту невладини вклучија, ниту пак на увид го …

Continue Reading

(Видео) Николоски: Очекувам најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ во четворката, ќе удриме во чело на криминалот и корупцијата

Тука во четворката очекувам најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ со најголем број освоени гласови и најмногу пратеници во апсолутна бројка. Мислам дека четворката ќе биде шампион за ВМРО-ДПМНЕ и сум убеден дека ќе имам квалитетен тим заедно со мене, квалитетна листа на пратеници и целиот овој Јужен југоисточен и Централен регион на Македонија после изборите со мое лично залагање и со …

Continue Reading