Сајкоски од Битола: Глас за ВМРО-ДПМНЕ е поддршка за Македонија
На Битола и на Македонија им се потребни промени. Македонија и вашиот град со својата посебност заслужуваат да бидат претставувани од човек како нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова, изјави Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа за пратеници од изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола. Сајкоски додаде дека Силјановска е професионалец со извонредни достигнувања. „Таа е член на …
Continue Reading
Николоски: Кампањата на Пендаровски е финансирана од крими пари од РЕК Битола
„Случајно или не, на територија на вашата општина во моментов е најголемиот извор на криминал во Македонија, РЕК Битола и случајно или не токму од таму доаѓа крими финансирањето на кампањата на Стево Пендаровски“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци. Потпретседателот Николоски истакна дека Стево Пендаровски никогаш ја нема посетено општина Новаци …
Continue Reading
Таравари на средба со СКСЗМ: посебен фокус на економскиот развој
Претседателскиот кандидат на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, во рамки на претседателската и парламентарната кампања денеска имаше средба со Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија каде се разговараше за економскиот развој, зачувувањето на работната сила и деловната клима во Северна Македонија Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија ги штити бизнисите во земјата и се грижи за промоција …
Continue Reading
Мицкоски: СДСМ стана измеќар на ДУИ, Ахмети од вилаетот во Зајас управува со Македонија како некој блискоисточен шеик
„Се сеќавате пред 6 и пол години ја започнаа онаа нивна кампања кога велеа дека ќе донеле живот во Македонија. Наместо живот за сите, општество за сите, тие донесоа живот за малкумина кои што се денес во врхушката на СДСМ и ДУИ, а за сите нас останатите донесоа вистински пекол. Кога зборам за вистински пекол, ќе ве потсетам на некои …
Continue Reading
Левица е единствената партија која го затвори фашистичкиот клуб во Битола
„Професорката Ванковска цврсто стои на ставот дека Македонија има алтернатива и дека Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка во новиот геополитички поредок. За разлика од сите останати партии, Левица и Ванковска се против безалтернативноста која ни се наметнува последниве 30 години“, истакна носителот на Изборната единица 5, Јована Мојсоска. Граѓаните, додава таа, можат да видат дека единствено Левица …
Continue Reading
Ванковска во Богданци: Не смее да се дозволи уништување на земјоделските површини на сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели
Борбата за враќање на достоинствен дом претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денес ја продолжи во Богданци, информираат од Левица. На средбите со граѓани во Богданци, Ванковска беше придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа на ИЕ4. „Стасавме и на југот на нашата земја“, рече Ванковска која беше топло пречекана од Богданчани. И во Богданци ја потенцираше важноста од раскинување на трите …
Continue Reading
Мицкоски од Новаци: Граѓаните избираат меѓу два концепта, едниот на Пендаровски, СДСМ и Ахмети кои ја понижуваaт државата, и концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја направи Македонија горда
Она кое што го слушам и гледам дава одговор на тоа дека Македонија од оваа положба која што денеска се наоѓа опљачкана, засрамена, понижена, граѓаните насекаде сакаат да ја видат повторна горда. За да Македонија биде повторно горда и за да Македонија биде повторна ваша најпрво е потребно, огромна победа на 24 април на идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. …
Continue Reading
Таравари до Османи: Зошто предложивте решение од ОБСЕ спротивно на интересот на Република Косово
Кандидатот за претседател од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на прес-конференцијата рече дека оваа прес-конференција е невообичаена бидејќи, како што рече Таравари, доживеал шок кога ја видел реакцијата на официјална Приштина во однос на планот од 9 точки на ОБСЕ, за деескалација и нормализација на северот на Косово, составена од Бујар Османи како прв човек на оваа организација. „Авторството на овој …
Continue Reading
Димитриевски во Охрид: На Македонија и треба претседател кој ќе ги штити интересите на граѓаните
Караванот на претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски и денеска беше во охридскиот регион. „Јас како кандидат за Претседател на државата којшто сака да го даде својот максимум за наша Македонија, заедно со членовите и претставниците од Движењето ЗНАМ вчера и денеска поминавме многу домови, се сретнавме со многу граѓани од Охрид и регионот. Проблемите …
Continue Reading