Очекувавме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе праша за одземеното оружје од југословенската армија на средбата со српскиот премиер, вели партијата на Љубчо Георгиевски
„ВМРО-Народна партија беше во очекување и голема надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ која демонстрира достоинствена политика на исправена кичма и одбрана на македонските државни интереси, на средбата со српскиот премиер ќе го постави прашањето на одземеното оружје од страна на југословенската армија кое се наоѓаше на македонската територија“, вели ВМРО-НП. „Да ја потсетиме македонската помлада јавност дека при напуштањето …
Continue Reading
Сè уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција, велат од СДСМ
СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија, истакнуваат од оваа партија. Премиерот Мицкоски и Владата, како што велат, имаат обврска пред пратениците и пред граѓаните да го презентира планот за продолжување на европската интеграција на земјата и подобрување на позициите во преговарачката рамка со …
Continue Reading
Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите повторно апелираше до премиерот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ на собраниска седница пред пратениците и граѓаните да го кажат планот за европската интеграција на Македонија. Процесот на евроинтеграции на државата е блокиран од страна на Владата, смета Филипче затоа се должни пред граѓаните да го кажат планот со …
Continue Reading
Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете
Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот за работа на здравствениот систем во државата од страна на министерот за здравство, Арбен Таравари, велат од ДУИ. Според оваа партија, 14 месечното бебе починало, бидејќи не добило соодветен третман од надлежната институција, поточно Детската клиника во Скопје, чиј директор …
Continue Reading
Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијанса за Албанците
Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се прикрие скандалот со претседателката на Косово, Вјоса Османи преку приемот на премиерот Албин Курти денеска докажа дека и приемот на Курти бил понижувачки за Косово во однос на приемот што денеска му го приреди на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ. …
Continue Reading
ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе
Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за хортикултурно уредување. Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира …
Continue Reading
СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника
Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност. Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде …
Continue Reading
СДСМ: Скопје е како Див Запад, вчера беше рането 19-годишно момче
Секоја вечер во нашите градови има нови инциденти, пукања, насилство и криминал, а вчеравечер во Чаир во пукотница е повредено 19-годишно момче со 4 прострелни рани, реагираат од СДСМ. „Ова сведочи за целосната неспособност на министерот за внатрешни работи, Тошковски, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Улиците ни се претворија во Див Запад. Имаше пукање во Чаир, во Арачиново, се случи убиство …
Continue Reading
Ахмети: Вреди да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците
Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници. „Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена …
Continue Reading