Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Претседател на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање Влада рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела. “Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите.”, рече Таравари. …

Continue Reading

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, заедно со претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денeска во детската градинка “Гоце Делчев” во општина Илинден присуствуваа на промоција на проектот: „Градење на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст”. “Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока национална, општествена и …

Continue Reading

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на Самитот Македонија 2025. …

Continue Reading

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред Самитот Македонија 2025, во врска со свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова истакна дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекуваме да имаме добри и одлични меѓусоседски односи. Ценам како …

Continue Reading

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека на средбата било истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните. „При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна …

Continue Reading

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник а продолжуваат и разговорите со идните потенцијални партнери како коалицијата Вреди

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е …

Continue Reading

Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на дешените работни активности министерот оствари работни средби со Оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север. Оперативниот тим “Кафез“ е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување на лица од слобода кои се барани по потерници и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во …

Continue Reading

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде, ускратени сме за најмалку два мандати

„​​​​Донтовиот изборен модел, поделен во шест изборни единици, заедно со неколкукратно спроведуваниот геримандеринг на нивните граници, уште еднаш ги сруши темелите на демократијата и еднаквоста како уставни категории. Ваквиот изборен модел овозможи легална изборна манипулација со гласачкото тело, што се покажува како најголем непријател за гласот на граѓаните и на штета на Левица“, реагираат од оваа партија. Појаснуваат дека согласно …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

Негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции,па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни …

Continue Reading