Левица: Патриотите од ДПМНЕ го оставија Македониум да пропаѓа, го распродаваат македонското културно наследство
„Деновиве се појави спот на косовскиот рапер DON XHONI, снимен во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево“, истакнуваат од Левица. Секторот за култура на Левица, додаваат од партијата, најостро реагира на ваквото користење на Македониумот, бидејќи, како што велат, станува збор за меморијален комплекс посветен на Илинденското востание и Народноослободителната борба, во чија внатрешност се наоѓа гробот на Никола Карев …
Continue Reading
„Ново задолжување од 1,3 милијарди евра – владата на Мицкоски ги фрла идните генерации во нова должничка јама“, велат од Левица
„По одлуката на Владата, Министерството за финансии започна постапка за ново задолжување од 1,3 милијарди евра на меѓународниот пазар. Мицкоски и Димитриеска-Кочоска дојдоа на власт со ветувања за намалување на јавниот долг, фискална стабилизација и економски развој преку инвестиции, производство и нови работни места. Наместо тоа, јавниот долг од нивното доаѓање на власт е зголемен за 21%, односно порасна од …
Continue Reading
Пет домашни институции алармираа за дискриминаторскиот третман кон Левица, но Уставниот суд избра да го слушне само алармот на ДПМНЕ и СДСМ за да им ги покачат платите, велат од оваа партија
На последните локални избори Левица беше ставена во карантин. Партија со пратеничка група во Собранието, со советнички листи низ државата и со кандидат кој стигна до втор круг за градоначалник на Скопје, остана без ниту една реклама. Во вториот круг за Скопје, Амар Мециновиќ беше целосно оневозможен да се рекламира во медиумскиот простор, додека неговиот противкандидат од ДПМНЕ ги удави …
Continue Reading
„Пет нови рудници, антимон, дата-центри- арамијата Мицкоски ја гледа Македонија како плен“, велат од СДСМ
„Додека надвор зборува дека Македонија не е сериозна држава и ги навредува граѓаните дека се талог, Мицкоски ја распродава земјата, водата, рудата, националното богаство. Нема економски резултат, нема економски политики. Македонија ја гледа како плен“, велат од СДСМ. „Водата, земјата, рудата, се е на распродажба за туѓи бизнис интереси и прифити. За граѓаните останува отровот, ризиците по здравјето и сметката …
Continue Reading
СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски – ние сме за институции – не сме за банда!
„Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа дека сме за распродажба, дека ќе потпишеме бел лист. Нема дилема. Има лаги. Против инвестиции? Најголемите инвестиции беа во време на СДСМ. Сега во време на ВМРО-ОКГ паднаа за над 65 проценти. Од околу 250 милиони просечно по квартал во времето на СДСМ на само 18,7 милиони евра …
Continue Reading
СДСМ: Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда, Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ
Брисел спрема акциони планови за земјите најблиску до членство: Црна Гора, Украина, Молдавија, Албанија. Јасен пат. Рокови. Обврски и за членките. Македонија е изоставена, заедно со Србија, Косово и Босна. Како земји што не мрднале, велат од СДСМ. „Ние први почнавме. Ние се уште чекаме. Чекаме затоа што арамијата не ги исполни реформите. Доби рок. Го продолжи за една година. …
Continue Reading
Таравари: Мицкоски предупредува дека една искра може да го запали регионот, стабилноста треба да започне одвнатре
Ако премиерот Христијан Мицкоски е свесен дека неодговорната реторика и само една искра можат да предизвикаат сериозни тензии на Балканот, тогаш оваа одговорност треба пред сè да ја покаже внатре во Северна Македонија, вели Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Албанците, подвлекува тој, како втора по големина заедница во земјата, заслужуваат целосна институционална почит, правична застапеност и еднаков третман. „Стабилноста …
Continue Reading
ДОМ: Што се случува околу „жешките точки“ во ОХИС додека санацијата сè уште не е завршена
Додека Владата продолжува со постапката за избор на изведувач за санација и чистење на малата депонија со изомери на НСН во поранешната фабрика ОХИС, во непосредна близина на двете постојни депонии се врши реконструкција на два објекта – поранешната Управна зграда и Лабораторијата, со намена за хотел и болница, велат од ДОМ. Објектите, како што посочуваат се наоѓаат на локацијата …
Continue Reading
(Видео) Цветаноски: Мицкоски и економски ја изолира Македонија, со „Made in EU“ се намалува пазарот за нашите производи
Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ на денешната прес-конференција истакна дека изолацијата значи помалку европски пазар за македонскиот производ. „ЕУ подготвува нови правила. Јавните набавки и јавните пари ќе одат прво на стока направена во Европа. Челик. Цемент. Алуминиум. Автомобили. Чиста енергија. Цел: производството во ЕУ од 14,3 отсто да стигне 20 отсто до 2035. Кој не е внатре, …
Continue Reading