Филипче: Доколку Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација на земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции
Доколку Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во спротивно, вели Филипче, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес. „Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир …
Continue Reading
ДУИ: Ќе ги преземеме сите демократски мерки за да го спречиме понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали
„ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата. Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и албанскиот народ во Северна Македонија“, велат од ДУИ. „Ќе ги преземеме сите демократски мерки и …
Continue Reading
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското МНР
Денес во Министерството за надворешни работи на НР Кина заедно со поранешната премиерка на Романија, Василика Данчила, амбасадорите на Македонија, Србија и Бугарија, како и делегации на Словенија, Црна Гора и Албанија, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, присуствуваше на состанокот за Иницијативата за соработка помеѓу Кина со земјите од централна и источна Европа. На состанокот се зборуваше за досегашната соработка …
Continue Reading
„Во време на Владата на Мицкоски има кривична за обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Во време на Владата на Мицкоски има кривична пријава за инцидентот на обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих. Има разлика“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Од жешките плажи на монденските места низ светот очигледно интернетот не допира најдобро и пишувачите на плитки соопштенија во СДС не можат да добијат соодветни …
Continue Reading
СДСМ: Одговорноста е кај Гаши кој го испратил обезбедувањето на аеродромот за да се заканува
Откако не успеаја да го скријат скандалот со пиштолџијата на Гаши во страв дека ќе се дознае целата работа, МВР го потврди она за коа со денови предупредувавме, реагира СДСМ преку соопштение. „Но ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да удри само по самарот, а да молчи пред нарачателот. За целата оваа состојба има одговорност и коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши кој …
Continue Reading
ВМРО-Народна: Коридорот 8 е од геостратешка важност – економски не’ поврзува со Бугарија, Албанија, Турција, Блискиот Исток и целиот постсоветски простор
ВМРО-Народна партија соопшти дека Коридорот 8, односно поврзувањето на Северна Македонија железнички и комплетно инфраструктурно на правецот Албанија – Бугарија е стратешко определување на независна Македонија од самиот почеток на демократизацијата и нејзиното создавање. Главен политички носител на тој Коридор била токму партијата ВМРО-ДПМНЕ со својот потпис во 2002 година. „Завршувањето на Коридорот 8 ќе значи комплетирање на вистинската тежина …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги, престани да ловиш вештерки
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја замајуваат јавноста со некакви индиции за криминал од претходната Влада без да понудат никаков доказ или да поднесат некакво обвинение“ велат од опозициската СДСМ. Од партијата пишуваат „Мицкоски не може да разбере дека веќе не е во опозиција туку е на власт и ваквите обвинувања без никакви докази предизвикуваат потсмев во …
Continue Reading
Мицкоски пред Курти да го осуди однесувањето на Вјоса Османи, порача Левица и најави интерпелација за Африм Гаши
Инцидентот што се случи со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Меѓународниот Аеродром Скопје го отсликува системското непочитување на институциите и законите, првично од страна на самиот спикер Африм Гаши, кој нема никаква надлежност да реагира во конкретниот случај. Реакцијата на неговото обезбедување, надвор од своите овластувања, де факто го попречило нормалното функционирање на безбедносните процедури, велат од политичката партија …
Continue Reading
СДСМ: Се избрукаа со пругата кон Бугарија и сега измислуваат приказни за нас
Смешни се прес конференциите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ за пругата кон Бугарија, тема на која се избрукаа и покажаа дека се целосно неинформирани за тој проект. Прво добија жолт картон од ЕУ кои го финансираат, а потоа демонстрираа целосна некоординација во Владата, реагира СДСМ по обвинувањата. „Министерката за финансии пред некој ден вели дека парите за пругата кон Бугарија не …
Continue Reading