Дојде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и платите почнаа да паѓаат, обвинува Тренчевска

Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија и за прв пат, после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас – намалена е за 1.000 денари, рече на прес-конференција Јована Тренчевска од СДСМ. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски лаже, во изминатите години ние ја зголемивме просечната плата до над 41.000 денари

„Христијан Мицкоски денеска повторно излажа. После седум години постојан раст на просечната плата, во јули годинава има пад за речиси 1.000 денари, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика“, велат од СДСМ. „Тоа се фактите. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни кога изнесуваше 41.939 според …

Continue Reading

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, цените на хотелските соби се во согласност со нашите правилници

Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер, реагира Љупчо Николовски од СДСМ на објавите дека потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани. „Ние повторно сме сведоци …

Continue Reading

СДСМ: СДСМ намалуваше цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

„Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните. За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект“, велат од СДСМ. „Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под …

Continue Reading

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните интереси на нашата држава, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, неодамнешниот инцидент за време на посетата на Силјановска во Бугарија е пред се грешка на протоколот на претседателката. „Ова незнаење на нашата дипломатија, кое очигледно Бугарија успешно го искористи, …

Continue Reading

(Видео) „Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите“, праша Кузеска

„Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување …

Continue Reading

ДУИ: Со ВРЕДИ во Владата веќе нема вработувања за Албанците

„Јавните предупредувања за деалбанизација на државата, сега во пракса ги реализира оваа моноетничка власт во која се и губитниците на изборите или нарушувачите на албанскиот легитимитет. ВРЕДИ ги затвора очите и дозволува уништување на најважните достигнувања на Албанците последните две децении по ред, од војната во 2001 година“, соопшти ДУИ. „Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата загриженост во врска …

Continue Reading

Кузеска: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР. Јавноста уште еднаш ќе се увери дека со Мицкоски и Тошковси нема ниту правда, ниту одговорност за блиските до ВМРО-ДПМНЕ. Се враќа МВРО-ВМРО на голема врата, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во …

Continue Reading

Лога по одлуката за „Балансерот“: Северна Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа

Според поранешниот министер за прaвда и потпретседател на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, сите иницијативи што се однесуваат на прашањата за праведно и соодветно застапување, употребата на албанскиот јазик и другите етнички прашања во корист на немакедонските заедници ќе имаат иста судбина како прашањето за изводите од матична книга на родени, односно поништувањето на уредбата на министерот за правда и …

Continue Reading