Филипче: Ништо не очекувам од средбите со Бугарија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека од најавените средби на Владата со властите на Бугарија, не очекува конкретен резултат, освен да глумат повторно патриоти. Филипче додаде дека и досега Владата не придонела за подобрување на односите со соседите, туку напротив, како што кажа, ги заострува односите. „Ништо не очекувам, да глумат повторно патриоти. Што …

Continue Reading

Филипче: Мицкоски е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција упати остри критики до Христијан Мицкоски и го нарече лажго. „Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече Филипче. …

Continue Reading

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија заштитена од ДПМНЕ

Податоците на Управата за јавни приходи уште еднаш покажуваат дека Левица беше единствената политичка партија која отворено застана против коцкарската индустрија. Само во првите шест месеци од годинава, граѓаните на Македонија и странските државјани потрошиле речиси 1,6 милијарди евра во казина, автомат-клубови и обложувалници. Секоја година коцкарскиот бизнис станува поголем, а секоја година народот станува посиромашен, посочуваат од Левица. Левица, …

Continue Reading

Левица: Неисправна вода во Булачани, Раштак, Брњарци и Виниче, Општина Гази Баба молчи

Советничката од Левица, Маја Никодиновска, на последната седница на Советот на Општина Гази Баба побара одговор од градоначалникот и директорот на ЈКП „Гази Баба“ зошто од граѓаните се криела информацијата за сериозно нарушениот квалитет на водата за пиење во повеќе населени места. Никодиновска посочи дека од добиената документација за испитувањата на водата произлегле алармантни резултати – во водата е утврдена …

Continue Reading

ЛДП: Не за субвенционирање на гориво за соседите, да за поврат на ДДВ за македонските граѓани и бизниси

„Додека цените на горивата секојдневно растат и го притискаат семејниот буџет, а македонските граѓани секојдневно се соочуваат со сѐ повисоки трошоци за живот, Владата мора конечно да покаже дека приоритет ѝ се сопствените граѓани, а не да зборува за импровизирани и недоволно осмислени мерки“, велат од ЛДП. „Потсетуваме на нашиот предлог за поврат на ДДВ за скапото гориво, како конкретна …

Continue Reading

Две и пол години Мицкоски и ВМРО, милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија, велат од СДСМ

Две и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат, велат од СДСМ. „Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари. 5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во …

Continue Reading

СДСМ до Мицкоски: И што сега, незадоволен си што идентитетот е зачуван?

СДСМ со нова остра реакција кон премиерот Христијан Мицкоски по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје, прашувајќи го од што точно е незадоволен, откако од Брисел повторно беше испратена порака дека Македонија во Европската Унија ќе влезе со својот идентитет и јазик. „И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?“, прашуваат од …

Continue Reading

Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ

Вчерашната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и нејзините пораки по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, според СДСМ, потврдиле дел од ставовите на опозициската партија и нејзиниот претседател Венко Филипче. „Македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени со Преспанскиот договор, не се загрозени, туку се добредојдени во ЕУ. Сите лаги на Мицкоски се на виделина“, изјави …

Continue Reading

Левица со предлог: Професионалните војници над 45 години да продолжат со работа во нова државна служба

Левица предлага формирање посебна државна служба во рамките на Министерството за одбрана која би била задолжена за физичко обезбедување на критичната цивилна инфраструктура, а во неа би можеле да бидат ангажирани и професионалните војници кои по навршувањето 45 години не можат да продолжат како професионални војници во Армијата. Предлог-законот за критична инфраструктура на седница на Законодавно-правната комисија го образложи пратеникот …

Continue Reading