(Видео) Филипче во Брисел побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ
Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, туку и процес од геополитичко значење. Ова го истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел. Филипче, во …
Continue Reading
(Видео) Мециновиќ: Својата криминогеност ВМРО-ДПМНЕ не може да ја преслика на Левица – партиските простории се транспарентно и легално купени со хипотекарен кредит
„Идејата за купување на простории дојде од деветгодишното постоење на Левица и сметаме дека е време да ги обезбедиме нашите први простории како политичка партија. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се криминалот кој тие го имаат создадено преку својата „бела палата” која чини 60 милиони евра и за која плаќаат над 10.000 евра сметки за струја месечно, знаејќи дека целата јавност …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра
Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори. „Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните …
Continue Reading
Партијата Левица: На Локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим
Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025. Сесијата започна со едноминутен молк за жртвите во трагедијата во Кочани. „Во духот на демократскиот централизам и борбеноста, оваа сесија ја зацврсти позицијата на Левица како единствена автентична и непоколеблива опозициска сила во државата“, велат од партијата. …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата
СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, откако беше реизбран за лидер на партијата. „Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе не претстават на локалните избори, луѓето кои имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите соседи, пред пријателите и …
Continue Reading
(Видео) Со 18.001 гласови, Филипче избран за претседател на СДСМ
СДСМ денеска на вонредни директни внатрепартиски избори во СДСМ го избра старо-новиот претседател на партијата Венко Филипче. Тој беше единствен кандидат за функцијата која врши од јуни 2024 година, по оставката на Димитар Ковачевски. „Од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласаа 18.140. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња 139, рече Бранко Георгиевски, Претседател на Централната изборна комисија. …
Continue Reading
Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата која му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања. „Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од …
Continue Reading
Исмаил од Левица: Мицкоски и Тошковски избегнаа да одговорат на суштински прашања за трагедијата во Кочани
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, избегнале да одговорат на прашањата на пратениците во врска со трагедијата во Кочани. Во статус објавен на неговиот Фејсбук профил, Исмаил наведува дека на последната седница за пратенички прашања во Собранието, двајцата функционери оставиле низа отворени дилеми во врска со институционалното постапување: „На …
Continue Reading
Утре ќе се одржат внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ
Утре ќе се одржат директните внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ кои беа одложени поради трагедијата во Кочани. „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија којашто Претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката, на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 …
Continue Reading