(Видео) Костова: За Владата може да има папаја и луксузи, за работникот трошки на софрата
Празниците треба да се денови на спокој, меѓусебна поддршка и грижа. Но со актуелната власт на ДПМНЕ работниците немаат спокој ниту на празник, истакна на денешната прес-конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ. „Во овие празнични денови, на Велигден, Владата ги остави без плата културните работници, вработените во Центрите за социјална работа, работниците во Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, во …
Continue Reading
Културата остана без плата – министерката на олигархијата чека насоки од „горе“, велат од партијата Левица
Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден. Додека Министерство за култура се однесува како Министерство без ресор и без министер, а Министерството на олигархијата чека насоки од „горе“, историјата на вработените веќе четврта година се повторува еднаш како комедија, еднаш како фарса, а во моментов како трагедија, велат од партијата Левица. „Изживувањето кое …
Continue Reading
Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците, реагираат од ДУИ
Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за седмо одделение претставува сериозен чекор назад и длабока навреда за Албанците во оваа земја, оценува ДУИ. Овој документ, кој служи како основа за подготовка на учебниците, според партијата на Ахмети, целосно ги игнорира Албанците, нивната култура, историја и придонес во …
Continue Reading
Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата
Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка. „Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, …
Continue Reading
СДСМ: Нема плата за Влегден за културните работници
Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен рок за исплата на платата, во Светата седмица, на Велики четврток – симбол на смирение и човечност, само три дена пред големиот христијански празник Велигден, вработените во културата сè уште немаат добиено плата за месец март, велат од СДСМ. Според партијата ова не е само административен пропуст, туку директен удар врз …
Continue Reading
(Видео) Апасиев алармира: Под превезот „работно ангажирање” се легализира експлоатацијата
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на јавната расправа на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, ги посочи потенцијалните закани и сериозните пропусти содржани во Предлог-законот за работно ангажирање на лица, предложен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. „Законот и покрај сите хвалоспеви има суштински недостатоци кои имаме време како Собрание да ги поправиме. Законот, според мое …
Continue Reading
(Видео) Кузеска 30 дена по трагедијата во Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, министре Тошковски, нели имате малку совест?
„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени. По 30 дена, повеќе од јасно е дека истрагата за овој настан се води селективно и во сосема погрешен правец. Ова не е случајно или поради незнаење, туку намерно — со цел да се заштитат актуелни функционери, службеници и началници …
Continue Reading
„Таравари не може да бега од одговорност за затворената кардиохирургија која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица
„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од здравствените работници за случајот со починатиот пациент на Клиниката за кардиохирургија. Јавноста мора да знае дека затворање на единствената сала на Кардиохиругија, во услови кога очигледно пациентите нема каде да се пренасочат – претставува колапс на здравствениот систем по директива …
Continue Reading
Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази, прашуваат од ДУИ, по трагедијата во Кочани
Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот, под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта, инфрормираат од оваа партија. „Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од …
Continue Reading