СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

„Илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок, платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. Не само вработените во културата, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата“, велат од СДСМ. „До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава – не зборуваме веќе за економски развој, туку дали …

Continue Reading

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во институциите, на ТВ интервју продолжуваат да го релативизираат нивното минато политички дејствување, нарекувајќи го „експеримент што не успеал“. Но проблемот не е неуспешниот политички експеримент. Проблемот е што пристапот на експериментирање со Албанците продолжува – со реални и опасни последици“, …

Continue Reading

(Видео) Љутков ги погази правата на културните работници: СДСМ бара итна исплата на платите

Сегашната ситуација во културата говори за целосно погазување на Колективниот договор и погазивање на правата на културните работници, вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ. „И во интервју на министерот Љутков го слушнавме како кажа без срам за колективниот договор за Култура дека е незаконски а тоа е напад на достоинството и правата на сите културни работници во државата. Колективниот договор …

Continue Reading

ДПМНЕ и ЗНАМ попусто го бришат името Македонија, Грција и Бугарија со нова амандманска блокада, велат од Левицa

Вазалската надворешна политика и националните предавства не можат да доведат да етаблирање во меѓународните заедници на државата. Како што претходно предупредивме, т.н. договори за добрососедство наместо да ги надминат, тие станаа извор на пречки во европските интеграции на Македонија. Ова го потврдува фактот дека на Предлог-извештајот на Комитетот на надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент за Македонија се доставени над …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Потрошувачката кошничка порасна за 836 денари, власта нема решение за високите цени

Поминаа десет месеци одкако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Десет месеци беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните. Македонија економски не оди напред како што ветуваше ДПМНЕ во кампањата. Економијата е заглавена, стандардот е урнисан, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Владата, како …

Continue Reading

Партијата Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

„Радиоактивниот облак од пепел што се издигна над Битола како резултат на неодговорното работење на РЕК Битола, уште еднаш ги потврди укажувањата на Левица: Македонија е жртва на еколошка катастрофа поддржана од политичка немост и корупција. Без разлика дали на власт е ДПМНЕ или СДС – институциите се неми и парализирани пред интересите на големите загадувачи“, велат од партијата Левица. …

Continue Reading

„Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз правата и достоинството на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем, туку потреба за работниците и претставува законска обврска! Договорот е резултат на борба на работниците, на дијалог но и праведна политика во време кога СДСМ беше …

Continue Reading

СДСМ: Трошоците растат, а платите стагнираат – стандардот на граѓаните се влошува

„Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат трошоците за основните месечни потреби. Синдикалната минимална кошничка е покачена за нови 836 денари и достигна рекордно високо ниво: едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 62.700 денари месечно за да го преживее месецот“, велат од СДСМ. „Трошоците за живот растат а платите стагнираат. Само за храна и …

Continue Reading

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците, институцијата која има клучна улога во надзорот и спроведувањето на правото на службена употреба на албанскиот јазик“, велат од ДУИ. „Инспекторите на оваа институција, веќе повеќе од четири месеци немаат добиено плата. Тие се оставени без социјално и здравствено …

Continue Reading