(Видео) Ќе каже ли ВМРО-ДПМНЕ колку пари во форма на донации земале од осомничените од „Пулс“, прашува СДСМ
„Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја прикриваа вистината за трагедијата во Кочани и правеа сè за да ги заштитат полициските функционери поставени од нив. Наместо итно да се побара одговорност, власта штитеше, молчеше и манипулираше со јавноста. Целта беше јасна – да се спречи вистината, за да се побегне од одговорноста од врвот на власта, до директорот на Бирото …
Continue Reading
(Видео) Дебакл на економиските политики на власта: Македонија на дното на Европа, велат од СДСМ
„Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес е претпоследна во Европа по висина на минимална плата, зад нас е само Албанија. Истовремено сме последни по куповна моќ. Ова не се бројки и податоци од некоја црна хроника – ова е нашата реалност со власта на ДПМНЕ. Овие статистики се потрда за реалноста во која платата не им стигнува на граѓаните …
Continue Reading
„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани. Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат“, велат од СДСМ. „Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се …
Continue Reading
Левица: Владата троши 450.000 евра за луксуз, додека гласа против минимална плата од 500 евра
Додека граѓаните се соочуваат со секојдневни ценовни шокови, Владата предводена од ДПМНЕ троши стотици илјади евра за морски плодови и хотелско сместување, обвини денеска политичката партија Левица. Од партијата велат дека ова се случува паралелно со одбивањето на нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 500 евра. „Очигледно, за расипничката власт на ДПМНЕ има пари само за нивните луксузни …
Continue Reading
СДСМ тврди дека Јанев и Тошковски знаеле сè, а се сомневаат и во унишување на докази
Приведените полициски службеници за трагедијата во Кочани се истите за кои СДСМ со месеци наназад алармираше, објавуваше факти и аргументи во серијалот „Вистината за Кочани“, соопшти денеска партијата, предупредувајќи на сериозни пропусти во истрагата и можноста дека во меѓувреме биле уништени важни докази. „Јавноста мора да знае колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа своите полициски кадри. Месеци …
Continue Reading
СДСМ: Јавното обвинителство се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери
Според СДСМ, со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш потврдило дека постои сериозен обид да се минимизира и релативизира одговорноста на носителите на актуелни функции и институции поврзани со трагедијата во Кочани. Од опозициската партија велат дека наместо да се лоцира институционалната одговорност и да се повикаат на одговорност директорите на Државниот пазарен инспекторат, УЈП и други релевантни органи кои …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски повторно промовира наш проект, овој пат обновата на патот Охрид – Св. Наум
Проектот за реконструкција на патниот правец во охридскиот регион е започнат од СДСМ уште во август 2023 година, како дел од сеопфатниот план на Владата предводеа од СДСМ за раст и развој на регионот, унапредување на туризмот и подобрување на патната инфраструктура кон граничните премини со соседните земји, велат од СДСМ. „Средствата за овој проект, во вредност од 11,7 милиони …
Continue Reading
Оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ
Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“, велат од опозициската партија. „Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци …
Continue Reading
(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Прашањето се однесуваше на прекинувањето на значајни проекти во културата и на фактот дека незаконски се претставува кој е државен секретар во Министерството за култура. „Драго ми е што ги продолжувате проектите коишто беа наследени, како што …
Continue Reading