(Видео) „Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ

„Состојбата во здравството е катастрофална и нечовечна. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство и директорот на Фондот за здравство ги оставија пациентите со рак на бели дробови без терапија. Додека министрите заедно со уште по мининимум 5 до 10 луѓе од кабинетите патуваат на скапи службени патувања, пациенти со рак умираат во неизвесност, без основна хемотерапија, без лек“, кажа Елена …

Continue Reading

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за лиценца за организирање возачки испити во Пелагонискиот регион. Министерот Панче Тошковски, како што изнесува потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, доделил тендер на новоформирана фирма „Супер Возач“, регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот. Според Шукова, зад оваа фирма стои …

Continue Reading

ДУИ со остра реакција до Мицкоски: Сака да ни го избрише идентитетот со електронски попис

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска жестоко реагираше на најавите од премиерот Христијан Мицкоски и Владата за спроведување на електронски попис во 2026 година, обвинувајќи дека станува збор за националистичка агенда со цел исклучување на Албанците од институциите и системот. Во реакцијата, ДУИ потсетува дека уште во 2022 година, Мицкоски јавно ги оспори резултатите од пописот на населението, каде беше …

Continue Reading

Талески: СДСМ ги направи тунелите, мостовите, оградите – ВМРО само бетон од 10 метри

Со завршувањето на експресниот пат низ Фаришката клисура, делницата од Дреново до Градско, пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да си го припише проектот како сопствен. Тој потсети дека најтешкиот и најкомплексен дел од трасата е изведен токму во мандатот на СДСМ. „Горди сме затоа што СДСМ заврши над 90% од овој капитален инфраструктурен проект. …

Continue Reading

Средба Филипче-Клингбајл во Берлин: Македонија мора да продолжи по европскиот пат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,  Венко Филипче, денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), се сретна со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и ко-претседател на СПД. Од СДСМ известија дека на средбата, претседателот Филипче изразил благодарност до вицеканцеларот Клингбајл, за континуираната и …

Continue Reading

Филипче во Берлин му се заблагодари на Шолц за поддршката за македонскиот јазик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Берлин, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), се сретна со поранешниот германски канцелар Олаф Шолц. Партијата извести дека во името на СДСМ и на сите граѓани, Филипче изразил искрена благодарност за силната и принципиелна поддршка која Германија, под водство на Шолц, ѝ ја даваше на Македонија во процесот на европска …

Continue Reading

(Видео) „Современ“ пред јазикот не смее да помине, овде сум да ги бранам позициите на Македонија, вели Филипче од Берлин

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, присуствува на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), порача дека на планираните билатерални средби со претставници на социјадемократските партии во Европа, ќе го пренесе ставот на СДСМ за извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија. „Денеска сум во важна посета на Берлин, каде што ќе …

Continue Reading

ДУИ укажува на дискриминација во МВР: Полицајци Албанци со 20 години искуство не уживаат право на унапредување

Демократската Унија за Интеграција изрази загриженост за јавните изјави на Независниот полициски синдикат, кои, според партијата, потврдуваат една горчлива реалност: систематската дискриминација на албанските полицајци и неможноста за нивен напредок во полициската хиерархија. „Според претставници на Синдикатот, и покрај тоа што многу албански службеници имаат над 20 години работно искуство и ги исполнуваат сите професионални услови, тие не уживаат право …

Continue Reading

Филипче на Конгрес на СПД во Берлин: Средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска, ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената започнува со нас“ се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, соопшти утрово СДСМ. Во рамки на конгресот претседателот Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл кој воедно е и ко-претседател …

Continue Reading