Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот

Градот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево од Социјалдемократскиот сојуз. „Со особена чест и голема одговорност денеска ви се обраќам од името на граѓаните на Крушево – градот на храброста, историјата и надежта. Градот симбол …

Continue Reading

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ не го предложи за претстојните локални избори, по што тој го замрзна членството во партијата. На социјалните мрежи, Костадинов сподели дека добива стотици пораки, повици, разговори – со прашањето: „Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“ Неговиот одговор е: …

Continue Reading

ДУИ: Ова е аларм, се инсталира систем кој ги избриша Албанците од јавните институции

Целосното исклучување на Албанците од 32 нови вработувања во Централниот регистар е јасен доказ за институционална дискриминација и исклучувачките политики на оваа влада, реагираат од ДУИ. „Ова веќе не е статистика, ова е аларм. Се инсталира систем кој ги избрише Албанците од јавните институции. Тоа се случува секој ден, во секој сектор, и веќе не може да се толерира“. ДУИ …

Continue Reading

СДСМ: Повлекувањето на обвинението против Димитриевски е срам за правдата

Скандалозен е потегот на Основното јавно обвинителство Куманово, кое, само неколку дена пред завршните зборови во судска постапка, го повлекло обвинението против градоначалникот Максим Димитриевски без никакво објаснување, реагира СДСМ. „Ова е скандал без преседан, класичен пример за партизирано судство и селективност“, изјави Соња Тодоровска, секретар на Општинската организација на СДСМ Куманово. Според неа, станува збор за случај што бил …

Continue Reading

Алијансата за Албанците: Новата програма по историја е дискриминаторска

Алијансата за Албанците на Арбен Таравари реагира на новата наставна програма по историја за основно и средно образование, обвинувајќи ја Владата за дискриминација, фалсификување на историјата и исклучување на албанските експерти од процесот на изготвување на програмите. „Во држава која се нарекува мултиетничка, исклучувањето на албанските историчари од работните групи за изготвување на наставните програми е институционален скандал и директна …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата да скрати над 30 милиони евра од социјални трансфери и субвенции, истакна Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. „Нема власта пари за поголеми плати за работниците, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот, нема пари за детски додаток, за …

Continue Reading

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ откако најави ново делување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со ново интерпартиско делување. „Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како. Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на …

Continue Reading

ДУИ: „Влен“ покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив

„Процесот на вработувања во државните институции се одвива селективно и дискриминаторски, при што Албанците остануваат целосно непретставени. Секојдневно, нивното исклучување станува редовна пракса на оваа Влада“, велат од ДУИ. „Наместо да се зајакне правичната застапеност, Владата предлага замена на постојниот законски механизам (балансерот) со нефункционална комисија која еднаш годишно ќе подготвува „анализи“. Таквиот модел не гарантира ниту застапеност, ниту фер …

Continue Reading

„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша …

Continue Reading