ДУИ: Разрешувањето на Даути е срамен и реваншистички акт

„Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година“, велат од ДУИ. Според нив оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на …

Continue Reading

Кузеска: Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм

Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, вели во одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. – Реториката за постојано подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и спотови со воени опреми се несоодветни провокации за кои дефинитивно нема место во нашето општество. Не држат вода ставовите …

Continue Reading

Спасовски: Нема да ги гласаме интерпелациите на ДУИ, не се потребни нови поделби по етничка основа

Оливер Спасовски од СДСМ денеска на прес конференција истакна дека СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ, затоа што не се потребни нови поделби по етничка основа. „Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување меѓуетнички тензии и отворање можности за поделби меѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите …

Continue Reading

СДСМ: Николовски, наместо да презентира нови иницијативи, се претвори во промотор на авио-линии

„Николовски без визија за развој промовира речиси завршени инфраструктурни проекти од СДСМ По шест месеци на власт, ДПМНЕ освен промоции на веќе започнати проекти од времето на Владата на СДСМ, не понуди и не започна ниту еден нов капитален проект во патната инфраструктура“, велат од СДСМ. Според нив ова е јасен показател за недостатокот на ДПМНЕ од идеи и визија …

Continue Reading

Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, велат од СДСМ

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, велат од СДСМ. „За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на …

Continue Reading

За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие, велат од СДСМ

„Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните. Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња“, велат од СДСМ. „Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на …

Continue Reading

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО – ДПМНЕ. Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците“, рагираат од ДУИ на изјавата на Венко Филипче. „Но …

Continue Reading

Филипче: Ги осудувам иредентистичките изјави на Костадинов, очекувам реакција од официјална Софија и ЕУ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, ги осуди иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов и побара реакција од Софија и осуда од страна на Европската унија. -Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот …

Continue Reading

СДСМ најостро ги осудува провокациите и најавите за панихиди за Мара Бунева

Од СДСМ најостро ги осудуваат провокациите и најавите за панихиди за Мара Бунева од страна на претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов. „Најавите за панихиди за Мара Бунева во земјава СДСМ ги смета за провокација којашто најостро ја осудуваме. Очекуваме институциите на државата да не дозволат било какви испади или навреди на достоинството и националните чувства на македонскиот народ, …

Continue Reading