(Видео) Прилеп нема мерни станици за да го измерат енормно загадениот воздух, велат од СДСМ Прилеп

„Неспособната и неодговорна локална власт на ДПМНЕ ги труе граѓаните на Прилеп! Со денови наназад, аерозагадувањето во градот е видливо со голо око. Екстремно загадениот воздух штипи и на очи, и на нос, и на грло. И додека во останатите градови кои ги мачи истиот проблем, градоначалниците бараат решенија за справување со загадениот воздух, на Борче Јовчески такво нешто не …

Continue Reading

Филипче: Мицкоски го призна својот неуспех, најавениот бојкот на маркетите е пораз на погрешните политики

Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба, вели во објава на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Најавениот бојкот е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. За жал, …

Continue Reading

(Видео) Николова: Несоодветната Концепција за гимназиско образование е закана за иднината на младите

Несоодветната Концепција на власта за гимназиско образование е закана за иднината на младите, вели пратеничката од СДСМ, Даниела Николова. Според неа, предложената Концепција за гимназиско образование од страна на министерката Весна Јаневска е на директна штета на учениците и наставниот кадар. „Од предложената Концепција, се забележува дека реформите се предложени без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието. Апелираме да …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити

Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи, вели  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за …

Continue Reading

СДСМ повика на оставки: Со донации за лекови не се менаџира кризата на Онкологија

Десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија, велат утрово од СДСМ. Опозициската партија критикува дека власта наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови, ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да …

Continue Reading

Мизрахи и ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, сите нивни лаги за Филипче се разобличени, велат од СДСМ

„СДСМ продолжува да ја информира јавноста за вистината во врска со лажните обвинувања кои ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи ги пласираа за случајот со Клиниката за онкологија“, соопшти СДСМ. „Документите кои вчера беа презентирани јасно покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле согласно законските процедури, а шестмесечните извештаи од Клиниката за онкологија биле редовно подготвувани. Обвинувањата на Мизрахи кон …

Continue Reading

„Тешка навреда од владата без легитимитет – човекот на Путин и негаторот на Сребреница, почесен гостин во Министерството задолжено за Охридскиот мировен договор“, велат од ДУИ

„Вчера, секој Албанец и секој граѓанин со достоинство во оваа земја се почувствува навреден, понижен и предаден. Со чин кој ги надминува сите граници на моралот и политичката логика, во зградата која треба да го симболизира Охридскиот договор и меѓуетничката хармонија, беше пречекан и почестен Милорад Додик – продолжената рака на Владимир Путин, човекот кој работи за поделба на Босна …

Continue Reading

Филипче: Политичката хајка против мене е разобличена, вистината победи

Разобличена е една огромна завера против мене поврзана со случајот за злоупотреба на биолошка терапија на Клиниката за Онкологија, вистината победи, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче на прес-конференцијата ги презентираше извештаите поднесени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија, формирана на барање на ВМРО ДПМНЕ која ја водеше Рашела Мизрахи. „Мизрахи, од …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција разобличи скандал поврзан со случајот за биолошката терапија на Клиниката за Онкологија. Филипче посочи дека вистината за Клиниката за онкологија која треба да ја знае јавноста е директно поврзана со анкетната комисија за Клинката за онкологија која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а ја водеше Рашела Мизрахи и сите тврдења дека …

Continue Reading